Guna Биолифтинг

Новите достигнувања во естетската медицина отсега се применуваат и во Р. Македонија. Аквамарин Меди Велнес ДОО воспостави соработката со фармацевтската компанија ГУНА од Милано, Италија.
Активните материи во ГУНА Биолифтинг третманите, како иновативен пристап во естетската медицина, развиени се во Истражувачкиот центар GUNA Laboratories во соработка со миланскиот универзитет. Притоа се споени истражувачките резултати на современата наука со познавањата на повеќевековните искуства на комплементарната медицина.
GUNA BIOLIFTING е естетско-дерматолошки третман кој користејќи колаген со витамини ги активира клеточните процеси и отпочнува процес на ревитализација. Се подобрува метаболизмот на клетката и на меѓуклеточната материја која е носител на функцијата на ткивата и ја поттикнува синтезата на сопствениот колаген во поткожното сврзно ткиво. Колагенот е најзастапен протеин во човековиот организам на кој отпаѓа 6% од телесната маса, а негови својства се цврстина, нерастегливост и нерастворливост. Кожата со користење на овој третман станува природно поздрава, со посвеж изглед и со подобар тонус со измазнети брчки кои настануваат со тек на животот.
Постигнатиот резултат се базира на ревитализација на клетките и на чистење на меѓуклеточниот простор.

GUNA BIOLIFTING е безбеден третман, содржи само природни супстанции, не претставува вештачка интервенција во телото, ниту пак содржи материи за пополнување. Ефектот на измазнување на брчките не е последица на «полнење», туку е резултат на подобрување на метаболизмот на ткивата. Со ова не се менува мимиката на лицето, и резултира со видливи промени и подобрувања.

GUNA BIOLIFTING медицинско-естетската биотерапија на најблаг начин помага да се обнови младешкиот изглед на кожата.
Крајна предност на медицинската естетска биотерапија на ГУНА е тоа што таа не се локализира на една брчка, туку поттикнува подмладување на ткивото на целата површина на лицето, вратот и деколтето, односно на регијата каде што се аплицира.

Комбинација на GUNA MD Collagen-ите кои можат да се користат во GUNA BIOLIFTING третмани прикладни се за:
• Намалување на брчките на лицето, вратот и деколтето
• Подигање и затегнување на подбрадокот
• Затегнување на градите
• Естетски третман на лузни
• Поттикнување на растот на косата
• Намалување на целулитот и разложување на мастите

Предности на користење на GUNA MD Collagen за BIOLIFTING

Постигнатите реултати се базираат на ревитализација на клетката и оживување на меѓуклеточниот простор, а не на пополнување (filling).
Се применуваат самостојно, но и пред или после други естетски дерматолошки третмани за зајакнување на нивниот ефект.
До сега нема пријавени несакани ефекти од GUNA естетските третмани.
Третманите резултираат со природно, постепено и долгорочно подобрување на изгледот на кожата.
GUNA производите можат да се вклопат во било која линија на производи.
На кој начин активната супстанција навлегува во кожата?
• Биолифтинг се изведува од страна на кој било обучен лекар, со убод од дерматолошки микро игли со должина од 4 или 13 милиметри под кожата, во делот на козметолошки активни акупунктурни точки (третманот е придружен со слаба болка)
• Третмани без боцкање, со Гунафореза

Кои се несаканите ефекти?

Досега, практично не се евидентирани
Колку третмани се препорачуваат?
• Се препорачува примена на 8-10 третмани, со фреквенција 2 пати неделно првите две недели, а потоа по еднаш неделно до 10-та апликација.
• Потребно е повторување, еден третман по еден месец од последната апликација како доза на одржување
• Mоже да се применува заедно со било која естетска постапка (пилинг, PRP)
• Со употреба на Гунафореза, третманот се врши 10 последователни денови

Која е цената на третманот?

Конкретната цена ја одредува Вашиот доктор или козметичар, но цената воопшто е пониска од цената на третманот со ботокс или хијалуронска киселина.