BEAUTY HOUSE

Beauty House колагенски центар ул. Теодосиј Гологанов бр. 112 вл 1, стан 22 тел. 02 5127-833

Стимулирање на продукција на сопствен колаген, спречување на физиолошко стареење

ГУНА БИОлифтинг-Природна метода на подмладување

Колагенски Bio Lifting – терапија со ГУНА медицинските средства на база на колаген. Апликацијата на овој колаген поттикнува биолошки одговор од страна на нашиот организам со стимулирање на продукција на сопствен колаген, со што се подобрува структурата на колагенските влакна и консеквентно на сите анатомски структури во кои е присутен колагенот. Особено во областа на дерматологијата и естетската медицина, Гуна колагенот може да се аплицира на повеќе регии од телото, особено за спречување на физиолошкото стареење и како сигурен и безбеден производ за anti-aging ревитализација на лицето. Гуна колагенот има особена употреба при следните индикации:

  • Ревитализирачки третман на зрела кожа (лице, врат, деколте и шаки/раце);
  • Ревитализирачки третман на мрсна кожа склона на акни, црвенило, оток;
  • Лифтинг и затегнување на опуштена кожа (лице, врат, подбрадок, деколте, очни капаци, гради, внатрешна страна на надлактица и натколеница);
  • Редуцирање на локална адипозност (масно ткиво) во пределот на абдомен, бедра, колено и др. регии;
  • Редуцирање и елиминирање на целулит;
  • Редуцурање и елиминирање на лузни, стрии, флеки и др.

При примена на ГУНА колагенот не се воочени несакани дејства, алергиски реакции, ниту интеракции со други лекови и пациентите добро ја поднесуваат нивната примена. ГУНА медицинските средства на база на колаген ги задоволуваат очекувањата и на пациентите и на лекарите.

За пациенти кои не сакаат инјектирање постои специјално дизајниран апарат GUNAPHORESIS (GPH) како алтернатива за транскутана апликација (безиглена мезотерапија) на Гуна колаген. 

Апаратот GUNAPHORESIS (GPH) работи на принцип на РЕЗОНАНТНА МАГНЕТОФОРЕЗА што претставува иновативен инструментален метод, наменет за транскутано воведување на Гуна  колаген.  Се базира на:

  • Традиционална магнетна терапија (ELF-Extremely Low Frequency fields-поле со екстремно ниска фрекфенција ≤100 Нz)
  • Резонантна електромагнетофореза (modulated ELF fields)

Аnti-aging ревитализација на лице, сигурен и безбеден производ за ревитализација на лицето.

Ревитализирачки третман за зрела кожа (лице, врат, деколте и раце)

Ревитализирачки третман на мрсна кожа склона на акни, црвенило, оток.

Лифтинг и затегнување на опуштена кожа

Редуцирање на локална дебелина

ГУНА БИОтерапија-природна метода за мускулно-скелетни патологии

Колагенска Биотерапија – терапија со ГУНА медицинските средства на база на колаген кои се аплицираат локално на засегната регија со цел да ги заменат, зајакнат, реструктурираат и заштитат ткивата на мускулно скелетниот аппарат (мускули, тетиви, лигаменти, зглобни капсули, коски, рскавици) преку подобрување на анатомската структура и функција на колагенските влакна и структурите кои ги содржат, истовремено обезбедувајќи механичка поддршка на засегнатата регија. ГУНА медицинските средства на база на колаген ја подобруваат мобилноста и функционалноста и дејствуваат директно на болката.  Гуна колагенот има особена употреба при следните индикации:

Мускулно-скелетни нарушувања предизвикани од артритис, остеоартритис, ишијалгични болки, болки во колено, рамо, лакт, колк, шаки, стапало, болки во вратот, грбот и појасниот дел на р’бетниот столб, истегнување на мускулите, синдром на карпал тунел, неуралгии, мигренозни главоболки и др.

При нивната примена не се воочени несакани дејства, алергиски реакции, ниту интеракции со други лекови и пациентите добро ја поднесуваат нивната примена. ГУНА медицинските средства на база на колаген ги задоволуваат очекувањата и на пациентите и на лекарите.

 

Мадеротерапија

Мадеротерапија во превод значи „Терапија со дрво“. Потекнува од Колумбија и е техника за масажа во групата на антицелулитни масажи и лимфна дренажа. Се изведува со специјално дизајнирани дрвени помагала-сукала, од страна на обучен стручен кадар-медицински асистент.

Мадеротерапијата влијае на отстранувањето на целулитот по пат на:

 
  1. Отстранување на вишокот нa заробена вода и забрзување на лимфната циркулација: на кој начин се подобрува отстранувањето на токсините од телото и се забрзува севкупниот метаболизам, се редуцира притисокот врз крвните садови што го врши вишокот на течности, и се подобрува  исхраната на ткивата.

     2. Механичко дејство врз масното ткиво: раскинување на мембраната на масните клетки и трајно намалување на нивниот број во поткожното ткиво

     3. Забрзување на циркулацијата: мадеротерапијата интензивно ја забрзува циркулацијата што резултира со елиминирање на главната причина за формирање на целулитот. Комбинацијата на алатките (сукалата), нивниот специфичен дизајн, совршено дизајнираната техника, ја прават мадеротерапијата специфична и високо ефективна антицелулитна техника. Мадеротерапијата за пократок временски период дава видливи резултати во споредба со класичната рачна антицелулитна масажа при која резултатите се добиваат при долготрајната серија на третмани. Исто така, не доведува до повреда на ткивата и се избегнува ефектот “jo-јo”.

Мадеротерапијата како самостојна техника е многу успешна, но исто така е идеална и за “подготовка на теренот” за примена на козметички препарати за намалување на масни наслаги и затегнување на кожата. Мадеротерапијата ја забрзува циркулацијата, го интензивира елиминирањето на задржаните течности и ја поттикнува лимфната циркулација, на кој начин ја олеснува пенетрацијата на активните состојки во клетките од поткожните слоеви. Односно, се постигнува подобар ефект на активните супстанции кои полесно делуваат на клетките и ткивата, отколку кога во поткожните слоеви има задршка на течности.

Главните апликации се:

  1. Антицелулитна мадеротерапија

Целта на оваа апликација е отстранување на токсичните производи акумулирани во различни делови на телото, како што се колковите, нозете, бутовите, задникот или стомакот. Овој тип на масажа ја активира микроциркулација во третираната област, со што се поттикнува елиминацијата на задржаните течности во поткожното ткиво, го забрзува разградувањето на наталожените масти и го забрзува елиминирањето на токсините во третираните делови од телото. Како резултат на третманот кожата се измазнува, станува еластична, тонизирана, го губи изгледот на т.н. „кожа на портокал“.Последувателно антицелулитна мадеротерапија дава резултати во однос на:

  • Обликување на задникот.
  • Намалување на обемот на половината и обликување на струкот
  • Обликување на седалниот дел на бутовите
  • Затегнување на бутовите и нозете и дефинирање на нозете
  • Затегнување на надлактица и дефинирање на рацете

Успехот на мадеротерапијата се состои во способноста да ги редуцира и елиминира од телото разградните метаболни токсични производи, кои што се акумулираат поради неправилна исхрана, несоодветна употреба на козметички производи, отсуство на физичка активност, како и под влијанија од околината. Телото реагира на овие токсини со зголемана задршка на течности, т.н. заробена вода. Поради зголемената задршка на течности, предилекционите места од телото (бутовите, задникот, колковите,стомакот итн.)  имаат потечен изглед  и видлив целулит. Со стареењето оваа состојба се потенцира и станува посериозен здравствен проблем. Дури и со воспоставување на здрав животен стил и физичка активност, акумулираните маснотии и целулитот тешко се елиминираат.

Употребата на дрвени алатки-мадеротерапијата, овозможува длабок пристап во кожата и како резултат се постигнува ремоделирање на телото, како и активирање на фибробластите кои се поттикнати да продуцираат повеќе колагенски и еластични влакна.

Одредени движења влијаат врз мускулното ткиво, циркулаторниот систем и лимфната дренажа, со што се забрзува елиминирањето на токсичните производи и се зголемува снабдувањето на клетките со хранливи материи и кислород.

Колку масажи се потребни?

Мадеротерапиите може да се применуваат самостојно или во комбинација со класична антицелулитна масажа, каде што секоја поединечна масажа ќе има свој сопствен ефект. За поконкретни резултати, препорачливо е да се направат 10 масажи во една серија секој втор ден. За постигнување на подолготрајни резултати се препорачува спроведување на две до три серии од по 10 третмани, по што следува одржување.

Времетраење на еден третман од Мадеротерапијата?

Единечен третман од мадеротерапијата трае 40 минути, а отпочнува со нанесување на специјално антицелулитно масло на кожата.

Резултати коишто се постигнуваат со Мадеротерапијата на тело:

Со примена на антицелулитната мадеротерапија се постигнува обликување на телото, особено на следните регии:

  • Колковите
  • Бутовите
  • Половината-струкот
  • Рацете и нозете
  • Задникот
  • Стомакот

Кои се другите придобивки од оваа терапија

Мадеротерапијата го релаксира умот и телото и ја намалува менталната и физичката напнатост, исто така, ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфната дренажа, кои влијаат на подобрувањето на општото здравје.

  • Мадеротерапија за масажа на тело

Се применува за естетски цели, за намалување на дебелината и обликување на фигурата. Може да се користи за релаксирање, да се намали нивото на стрес, третман на состојби предизвикани од лошо држење на телото или намалена физичка активност.

Единечен третман од мадеротерапијата за масажа на тело трае 60 минути, а отпочнува со нанесување на специјално антицелулитно масло на кожата.

Мадеротерапија на лице – терапија за подмладување и нега на лице, врат и деколте

Мадеротерапијата е совршен избор за ослободување од стресот. Мадеротерапијата е релаксирачка масажа со изненадувачки резултати во превенцијата на стареењето.

Оваа масажа, покрај релаксирањето на умот и мускулите на лицето, е добра за луѓето кои имаат мигрена, како и за оние кои поминуваат многу време работејќи пред компјутер и нивните очи стануваат напнати.

Мадеротерапијата е неинвазивен метод во кој се третираат брчките, лицето станува посветло и ослободено од токсини.

Употребата на дрвени алатки овозможува длабок пристап во кожата и како резултат се постигнува ремоделирање на лицето, како и активирање на фибробластите кои се поттикнати да продуцираат повеќе колагенски и еластични влакна.

Одредени движења влијаат врз мускулното ткиво, циркулаторниот и лимфниот систем, со што се зголемува снабдувањето на клетките со хранливи материи и кислород.

Колку масажи се потребни?

Мадеротерапиите може да се користат како дел од класичен третман, каде што секоја поединечна масажа ќе има свој сопствен ефект. За поконкретни резултати, препорачливо е да се направат 10 масажи во една серија секој втор ден. По 50-годишна возраст, се препорачува спроведување на две до три серии од по 10 третмани, по што следи одржување.

Времетраење на еден третман од мадеротерапијата?

Еден третман од мадеротерапијата на лице трае 30 минути и отпочнува со нанесување на специјално масло на кожата.

Резултати коишто се постигнуваат со мадеротерапијата на лице:

• Затегнување и подобрување на тонусот на лицето, вратот и деколтето, ефект на лифтинг

• Преобликување на лицето

• Поттикнување на синтеза на еластин и колаген

• Подобрување на циркулацијата

• Зголемување на снабдувањето со кислород

• Освежување и изедначување на тенот

• Превенција на стареењето на лицето

  • Намалување на подочниците и отоците под очите

Здравата кожа на лицето ќе биде вистински резултат ако одберете Мадеротерапија!