GUNAPHORESIS

Апаратот GUNAPHORESIS (GPH) работи на принцип на РЕЗОНАНТНА МАГНЕТОФОРЕЗА што претставува иновативен инструментален метод, наменет за транскутано воведување на Гуна медицинските средства на база на колаген.  Се базира на:

  • Традиционална магнетна терапија (ELF-Extremely Low Frequency fields-поле со екстремно ниска фрекфенција ≤100 Нz)
  • Резонантна електромагнетофореза (modulated ELF fields)

Внесување на активни Гуна медицински средства на база на колаген директно во областа засегната од заболување, или региите кои сакаме да ги третираме заради козметички дефекти, претставува важна предност, односно скратување на времето на лечење и побрзо отстранување на симптомите. Мускулно-скелетни нарушувања предизвикани од артритис, остеоартритис, ишијалгични болки, болки во вратниот, грбниот и појасниот дел на р’бетниот столб, истегнување на мускулите, и др. сега можат да бидат лекувани, со концентрирано терапевтско делување на засегнатата област, како и локално третирање на различни естетски дефекти.

Апаратот Gunaphoresis е наменет за третман на:

  • Широки области со цилиндричниот емитер
  • Точкасти и линеарни регии со шилестиот емитер, кој може да биде употребен и на акупунктурните точки.

Апаратот Gunaphoresis дозволува на операторот да ја регулира длабочината на испорака на електромагнетното поле на 3 различни нивоа во зависност од  типот на телесното ткиива што треба да се третира, како и од дренажното ниво на клеточниот матрикс:

  • 0 (површински – околу 5 мм длабочина)
  • 1 (средно – околу 15 мм длабочина)
  • 2 (длабоко – околу 30 мм длабочина)

Апаратот Gunaphoresis наменет е за испорака на Гуна медицинските средства на база на колаген како и специјалните дермоспроводливи гелови Гуна Gel Therapy и Гуна Gel Beauty, кои што се природни, без конзерванси. Геловите се во пакување од 50 мл, наменети за 50 употреби/апликации (со апликатор за автоматска екстракција на гелот за една апликација).

Апаратот Gunaphoresis, има многу предности:

  • Гуна медицинските средства на база на колаген  може да бидат аплицирани директно во областа, засегната од соодветно заболување или козметички дефект
  • Не предизвикува топлотен ефект
  • Не предизвикува електричен ефект
  • Дејствува синергично со конвенционалните мезотерапевтски техники
  • Поддржува висок потенцијал на навлегување

GunaPhoresis – НОВА Колагенска терапија без инјекции