MD – Hip

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italija
Состав: Kolagen.
Помошни материи: kalcijum fosfat, NaCl, вода за ијнекција.
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
MD- HIP e медицинско средство дизајнирано да го потпомага
движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на
зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување
причинето од:
x стареење
x лошо држење на телото
x пратечки хронични болести
x удари и повреди
x загадувачи.
MD-HIP e медицинско средство кое ја потпомага подвижноста на
колковите. Неговите главни терапевтски функции вклучуваат:
1. Ефект на бариера.
2. Подмачкување.
3. Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.
MD- HIP e медицинско средство, наменето за употреба од страна на
квалификуван персонал во приватни и јавни здравствени установи
со цел:
· Подобрување на подвижноста на зглобот на колкот.
· Потпомага за истегнување на мускулите на лумбосакралниот дел на рбетот.
· Поддршка на периартикуларното мускулно ткиво.
· Ја ублажува локалната болка и болка предизвикана со движење
на зглобот или од лошо држење на телото.

Упатство за употреба
Терапевтски протокол:
1 третман неделно, 10 недели по ред.
Техниката на пераартикуларно вбризгување (местото на давање
мора да биде асептично; внесета ја иглата до длабочина од 6-8 мм)
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол,
стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа..
x Игли: стерилни 27 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл, во зависност од количеството
на раствор за вбризгување.
Техника на интраартикуларно вбризгување
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
х Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни
компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
Се препорачува употреба на локална анестезија на третираното
подрачје на кожата.
x Игли: стерилни 22 G.
x Шприцеви: големина 2 мл, во зависност од количеството на раствор
за вбризгување.
Контраиндикации/несакани дејства
Пациентите, третирани со антикоагуланси или со востановена
фрагилност на крвните садови,треба внимателно да се следат при те-
рапијата. Примери на преосетливост на средството MD-HIP не се
познати. Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на
помошен материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкасто
вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.

Внимание и мерки на претпазливост
При болки во колкот потребна е диференцијална дијагноза за
примарен или метастатски канцер, невралгии од лумбално
потекло, препонски кила. При механичко дејство на иглата
или на површински реакции на кожата може да дојде до благо
црвенило на местото на вбризгување.
Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција на
кожата. Пиогените бактерии можат да предизвикаат апсцеси на
местото на вбризгување.
ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.
Не користете по остекот на рокот на употреба, Рокот на употреба
се однесува на производ, кој е правилно складиран во оригинално
и неоштетено пакување. Производот да се употреби веднаш по
отварањето.
Упатство за употреба
Средството MD-HIP може да се употреби за самостален третман
или во комбинација со други медицински средства со ист опсег
за прилагодување на третманот за клинички потреби.
Кога е потребен третман за акутна болка, средството MD-HIP
може да се употреби заедно со MD-NEURAL, MD-POLY и MD-MUSCLE                                                                                                                                                                                           (со едно или повеќе од наведените средства).
Покрај тоа, кога е потребен третман за поддршка за матрикс
врзното ткиво или кога е потребно да се успори процесот на
физиолошко стареење, средството MD-HIP може да се употреби
заедно со MD-MATRIX i MD-TISSUE.
Исто така може да се користи како механичка подлога при
третман на следните болести:
x Остеоартритис на зглобот на колкот.
x Воспаленија на капсулата на зглобот на колкот.
x Остеоартритис на зглобот на колкот со реуматоиден артритис
(заедно со средството MD-POLY).
x Болка во зглобот на колкот од мускулно потекло
(заедно со средството MD-MUSCLE).
x Болка во зглобот на колкот од нервно потекло (болка која пече
во колкот, заедно со средството MD-NEURAL).
x Болка во зглобот на колкот при долготрајно лежење
Администрирањето се прилагодува на индивидуалните потреби.

Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е
добро затворена.
По отварањето содржината на ампулата мора веднаш на се
искористи.
Не ја користете ако пакувањето е оштетено.
Трохантерична бурза се наоѓа над бочното
испапчување на големиот трохантер на бутната
коска. Можен е бочен или преден пристап до колкот.
Пациентот лежи на грб. Анатомскиот знак се наоѓа
2 см под горната ивица на големиот трохандер
помеѓу неговата предна и задна ивица. Кожата на
ова место означете ја и припремете на стерилен начин.
Игла со големина 22 G инјектирајте паралелно со
подот и нормално на телото на бутната коска.