MD – Ischial

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia
Состав: Kolagen.
Помошни материи: Rhododendron NaCl, вода за инјекција.
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
MD- ISCHIAL e медицинско средство дизајнирано да го потпомага
движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на
зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување
причинето од:
· стареење
· лошо држење на телото
· пратечки хронични болести
· удари и повреди
· загадувачи.
MD- ISCHIAL e медицинско средство кое го потпомага движењето,
особено долната регија на грбот од рбетниот столб. Неговите главни
терапевтски функции вклучуваат:
· Ефект на бариера.
· Подмачкување.
· Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.
MD- ISCHIAL e медицинско средство, наменето за употреба од страна
на квалификуван персонал во приватни и јавни здравствени установи
со цел:
· Подобрување на подвижноста на нозете.
· Потпомага на истегнување на мускулите на нозете.
· Потпомага на поддршката на мускулното ткиво на нозете.
· Ја ублажува болката во нозете додека отпочнува движењето на
нозете повторно после период на пролонгирана неактивност.

Упатство за употреба
Терапевтски протокол:
1 третман неделно, 10 недели по ред.
Техниката на пераартикуларно вбризгување (местото на давање
мора да биде асептично, внесета ја иглата во близина на сакро-
илијачниот зглоб до длабочина од 2-4 мм)
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол,
стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа
x Игли: стерилни 27 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл, во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.
Контраиндикации/несакани дејства
Примери на преосетливост на средството MD-ISCHIAL не се познати.
Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен
материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкасто
вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.
Предупредување и мерки на претпазливост
При ишијалгични болки потребна е диференцијална дијагноза за
секундарна болка во мускулите, потполна хернијација на дискусот,
стеноза на спиналниот канал, синдром Cauda equine. При механичко
дејство на иглата или на површински реакции на кожата може да
дојде до благо црвенило на местото на вбризгување.

Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција на кожата.
Пиогените бактерии можат да предизвикаат апсцеси на местото на
вбризгување.
ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.
Не користете по остекот на рокот на употреба,
Рокот на употреба се однесува на производ, кој е правилно
складиран во оригинално и неоштетено пакување.
Производот да се употреби веднаш по отварањето.
Упатство за употреба
Средството MD-ISCHIAL може да се употреби за самостален
третман или во комбинација со други медицински средства со
ист опсег за прилагодување на третманот за клинички потреби.
Кога е потребен третман за акутна болка, средството MD-ISCHIAL
може да се употреби заедно со MD-NEURAL, MD-POLY и MD-MUSCLE                                                                                                                                                                                           (со едно или повеќе од наведените средства).
Покрај тоа, кога е потребен третман за поддршка за матриксот од
сврзното ткиво или кога е потребно да се успори процесот на
физиолошко стареење, средството MD-ISCHIAL може да се
употреби заедно со MD-MATRIX i MD-TISSUE.
Исто така може да се користи како механичка подлога при
третман на следните болести:
x Ишијалгична болка.
x Лумбално-ишијалгична болка (заедно со средства MD-LUMBAR и MD-NEURAL)
x Неуралгии во долниот дел на лумбалиот дел на рбетот (заедно
со средството MD-MUSCULE).
x Невралгии на ногата по постоперативен третман на дискус
хернија на L4-L5, L5-S1.
x Morton neuroma (заедно со средството MD-NEURAL).
.
Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е добро
затворена. По отварањето содржината на ампулата мора
веднаш на се искористи.
Не ја користете ако пакувањето е оштетено.