MD – Lumbar

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia
Состав: Kolagen.
Помошни материи: Hamamelis, NaCl, вода за инјекција
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули(една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули(една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
MD-LUMBAR e медицинско средство дизајнирано да го потпомага
движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на
зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување
причинето од:
· стареење
· лошо држење на телото
· пратечки хронични болести
· удари и повреди
· загадувачи.
MD-LUMBAR e медицинско средство кое ја потпомага подвижноста
особено на лумбосакралната регија од рбетниот столб.
Неговите главни терапевтски функции вклучуваат:
1.Ефект на бариера.
2.Подмачкување.
3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.
MD-LUMBAR e медицинско средство, го употребуваат квалификувани
лица во приватни и јавни здравствени установи за следните намени:
– Помош при движење на лумбалниот дел на рбетот
– Потпомага за истегнување на мускулите на лумбосакралниот дел
на рбетот
– Помага за поддршка на мускулното ткиво на лимбалниот дел.
– Ја ублажува локалната болка, болката при мирување или болка
предизвикана при движење и лошо држење на телото.

Упатство за употреба
Периартикуларен Терапевтски протокол:
2 третман неделно, првите две недели, 1 третман до подобрување
на симптомите (просечно 8-10 третмани) При хронични патологии
почнете со 1 третман неделно еден месец, до подобрување на
симптомите, потоа 1 третман месечно или на секој 45-50 дена,
во склад на индивидуалните потреби.
Местото на давање мора да биде асептично. Внесете ја иглата во
близина на лумбалниот и лумбосакралниот зглоб до длабочина од
3-4 мм.
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни
компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
x Игли: стерилни 22 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл, во зависност од количеството на
раствор за вбризгување
.
Контраиндикации/несакани дејства
Примери на преосетливост на средството MD-LUMBAR не се познати.
Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен
материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкасто
вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.
Предупредување и мерки на претпазливост
При болки во рбетот потребна е диференцијална дијагноза за дискус
хернија, болка предизвокана од примарен или секундарен канцер,
рефлексна или пренесена болка од внатрешните органи.
При механичко дејство на иглата или на површински реакции на
кожата може да дојде до благо црвенило на местото на вбризгување.

Упатство за употреба
Средството MD-LUMBAR може да се употреби за самостален
третман или во комбинација со други медицински средства со
ист опсег за прилагодување на третманот за клинички потреби.
Кога е потребен третман за поддршка при акутна болка,
MD- LUMBAR може да се употреби заедно со MD-NEURAL,
MD-POLY i MD-MUSCLE (со едно или повеќе од наведените
средства). Покрај тоа, кога е потребен третман за поддршка
за матриксот на сврзното ткиво или кога е потребно да
се успори процесот на физиолошко стареење, средството
MD- LUMBAR може да се употреби заедно со MD-MATRIX и MD-TISSUE.
Исто така може да се користи како механичка подлога при
третман на следните болести:
x Лумбална болка, секундарно на дегенеративно
пореметување на рскавицата на лумбалниот дел на рбетот.
(лумбална и лумбално-сакрална артроза)
x Остеофитози на лумбалниот дел на рбетот.
x Секундарна болка во долниот дел на рбетот во
мускулно-тетивните тригер точки (заедно со средството
MD-MUSCLE).
x Постурална болка во долниот дел на рбетот (заедно со
средството MD-NEURAL и MD MUSCLE).
x Лумбални и лумбално-сакрални механички неравнотежи.
x Синдром на лумбален и лумбално-сакрален спинален
лигамент.
x Сакроилијачен синдром.
x Болка во коренот на лимбалниот и лумбално-сакралниот нерв
(заедно со средството MD-NEURAL и MD ISCHIAL).
Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е добро затворена.
По отварањето содржината на ампулата мора веднаш на се искористи.
Не ја користете ако пакувањето е оштетено.