MD – Matrix

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia
Состав: Kolagen.
Помошни материи: Лимонска киселина, никотинамид, NaCl, вода
за инјекција
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
MD-MATRIX e медицинско средство кое е дизајнирано да го потпомага
движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на
зглобовите и сврзните ткива, како и ублажување на било кое
оштетување причинето од:
· стареење
· лошо држење на телото
· пратечки хронични болести
· удари и повреди
· загадувачи.
Како резултат на својата посебна функција MD-MATRIX медицинското
средство е наменето и за зацврстување на поткожното ткиво и на
слојот на микроваскуларното сврзно ткиво на локализирани
адипозитети и целулит во сврзното ткиво, особено во коренот на
бутовите и во внатрешната регија на колената.
MD-MATRIX e медицинско средство дизајнирано да потпомага за
подвижност и јакнење на потпорното ткиво на зглобовите, кожата и
поткожното ткиво. Неговите главни терапевтски функции опфаќаат
1.Ефект на бариера.
2.Подмачкување.
3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.
MD-MATRIX e медицинско средство, го употребуваат квалификувани
лица во приватни и јавни здравствени установи за следните намени:
х Јакнење на екстрацелуларниот матрикс на ткивото на местото на
аплицирање на колагенот.
х Делува како заштитна бариера од слободните радикали.

Упатство за употреба
Терапевтски протокол:
2 третман неделно, првите две недели, 1 третман до подобрување на
симптомите (просечно 8-10 третмани) Можно е да со продолжи со
третманот секоја втора недела. При хронични патологии почнете со
1 третман неделно еден месец, до подобрување на симптомите,
потоа 1 третман месечно.
х Техника на интрадермално вбризгување: местото на давање мора
да биде асептично; внесете ја иглата од 1-3 мм и извршете
микровбризгување 0,2-0,3 мл во болното ткиво.
x Техника на периартикуларно вбризгување: местото мора да биде
асептично; внесете ја иглата блиску до зглобот на различни
длабочини.
Припрема за вбризгување
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали
и помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
днократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол,
стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
x Игли: стерилни 27 G. 4мм
x Шприцеви: големина5 или 10 мл, во зависност од
количеството на раствор за вбризгување.
Контраиндикации/несакани дејства
Примери на преосетливост на средството MD-MATRIX не се
познати. Пациентите кои се преосетливи на било која
состојка или на помошен материјал, пред употреба треба
да се тестираат со точкавсто вбризгување во едната рака,
а потоа да се пратат еден час.

Предупредување и мерки на претпазливост
При механичко дејство на иглата или на површински
реакции на кожата може да дојде до благо црвенило
на местото на вбризгување.
Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција
на кожата. Пиогените бактерии можат да предизвикаат
апсцеси на местото на вбризгување.
ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА
ДЕЦА.
Не користете по истекот на рокот на употреба,
Рокот на употреба се однесува на производ, кој е правилно
складиран во оригинално и неоштетено пакување.
Производот да се употреби веднаш по отварањето.
Упатство за употреба
Средството MD-MATRIX може да се употреби за самостален
третман или во комбинација со други медицински средства
со ист опсег за прилагодување на третманот за клинички
потреби. Во поглед на неговата употреба за третман на
локализирани адипозитети и за зацврстување на слојот од
подкожното сврзно ткиво, MD-MATRIX може да се
употребува заедно со MD-TISSUE (на пр. MD-MATRIX
2 ампули, MD-TISSUE 1ампула/третман).
Исто така може да се употреби кај пациенти на кои им е
потребен додаток на колаген или локален anti-aging третман.
Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не
е добро затворена. По отварањето содржината на ампулата
мора веднаш на се искористи. Не ја користете ако
пакувањето е оштетено.