MD – Muscle

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia
Состав: Kolagen.
Помошни материи: Кантарион, NaCl, вода за инјекција
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
MD-MUSCLE e медицинско средство дизајнирано да го потпомага
движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на
зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое
оштетување причинето од:
· стареење
· лошо држење на телото
· пратечки хронични болести
· удари и повреди
· загадувачи.
MD-MUSCLE e медицинско средство кое ги потпомага движењата
на мускулите и зглобовите. Неговите главни терапевтски функции
вклучуваат:
1.Ефект на бариера.
2.Подмачкување.
3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки
третмани.
MD-MUSCLE e медицинско средство, го употребуваат
квалификувани лица во приватни и јавни здравствени установи
за следните намени:
х Помош при истегнување и работа на мускулите.
х Помага како поддршка на мускулнот ткиво при нарушувања од
лошо држење на телото.
х Ја подобрува подвижноста на зглобовите.
х Ја ублажува локалната болка или болка предизвикана од
движење или лошо држење.

Упатство за употреба
Терапевтски протокол:
1-2 третман неделно, 10 недели по ред
Техника на интрамускулно вбризгување (местото на давање мора
да биде асептично, внесете ја иглата во третираниот мускул до
длабочина од 2-4 мм)
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни
компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
x Игли: стерилни 27 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл, во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.
Техника на интрамускулно вбризгување
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол,
стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
х Се препорачува употреба на локална анестезија на третираното
подрачје на кожата
x Игли: стерилни 22 G
x Шприцеви: големина 2 мл, во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.

Контраиндикации/несакани дејства
Примери на преосетливост на средството MD-MUSCLE
не се познати. Пациентите кои се преосетливи на било
која состојка или на помошен материјал, пред употреба
треба да се тестираат со точкавсто вбризгување во едната
рака, а потоа да се пратат еден час.
Предупредување и мерки на претпазливост
При болка во мускулите потребна е диференцијална
дијагноза за метамерна неуралгија, тендинитис и длабок
излив на крв.
При механичко дејство на иглата или на површински
реакции на кожата може да дојде до благо црвенило на
местото на вбризгување.
Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција
на кожата. Пиогените бактерии можат да предизвикаат
апсцеси на местото на вбризгување.
ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.
Не користете по истекот на рокот на употреба,
Рокот на употреба се однесува на производ, кој е правилно
складиран во оригинално и неоштетено пакување.
Производот да се употреби веднаш по отварањето.
Упатство за употреба
Средството MD-MUSCLE може да се употреби за самостоен
третман или во комбинација со други медицински средства со
ист опсег за прилагодување на третманот за клинички
потреби. Кога е потребен третман на поддршка за матриксот
на сврзното ткиво или кога е потребно да се успори процесот
на стареење, средството MD-MUSCLE може да се употреби
заедно со MD-MATRIX i MD-TISSUE.

Исто така може да се користи како механичка поддршка при
третман на следните болести:
x Третман на болка: акутна, субакутна и хронична природа.
x Tретман при пренесена соматска болка (заедно со
средството MD-NEURAL).
x Tретман на тригер точки (заедно со средството MD-NEURAL).
x Синдром на фибромијалгија (заедно со средството
MD-NEURAL).
x Дерматомиозитис.
Давањето на средството се прилагодува на индивидуалните
потреби.
Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е
добро затворена. По отварањето содржината на ампулата
мора веднаш да се искористи. Не ја користете ако пакувањето
е оштетено.