MD – Neural

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia
Состав: Kolagen.
Помошни материи: Colocynthis, NaCl, вода за инjекција
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
MD- NEURAL e медицинско средство дизајнирано да го потпомага
движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на
зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување
причинето од:
· стареење
· лошо држење на телото
· пратечки хронични болести
· удари и повреди
· загадувачи.
MD- NEURAL e медицинско средство кое ја потпомага подвижноста
на зглобовите, особено при нарушувања од лошо држење на телото.
Неговите главни терапевтски функции вклучуваат:
1.Ефект на бариера.
2.Подмачкување.
3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.
MD-NEURAL e медицинско средство, наменето за употреба од страна
на квалификуван персонал во приватни и јавни здравствени установи.
Упатство за употреба
Терапевтски протокол:
1-2 третман неделно, 10 недели по ред

Техника на периартикуларно вбризгување(местото на давање мора да
биде асептично, внесете ја иглата до длабочина од 2-4 мм)
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за днократна
употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни компреси од
газа, спреј етил хлорид за кожа.
x Игли: стерилни 27 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл, во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.
Техника на интраартикуларно вбризгување
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за едно-
кратна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни
компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
Се препорачува употреба на локална анестезија на третираното
подрачје на кожата.
x Игли: стерилни 22 G.
x Шприцеви: големина 2 мл во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.
Контраиндикации/несакани дејства
Примери на преосетливост на средството MD- NEURAL не се познати.
Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен
материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкавсто
вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.

Предупредување и мерки на претпазливост
При невралгии потребна е диференцијална дијагноза за
висцералната болка, болка поради примарен или
метастатски канцер. При механичко дејство на иглата или
на површински реакции на кожата може да дојде до благо
црвенило на местото на вбризгување. Пред и по употребата
потребно е чистење/дезинфекција на кожата. Пиогените
бактерии можат да предизвикаат апсцеси на местото на
вбризгување.
ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.
Не користете по истекот на рокот на употреба, Рокот на употреба
се однесува на производ, кој е правилно складиран во
оригинално и неоштетено пакување. Производот да се употреби
веднаш по отварањето.

Упатство за употреба
Средството MD-NEURAL може да се употреби за самостоен
третман или во комбинација со други медицински средства со
ист опсег за прилагодување на третманот за клинички потреби.
Кога е потребен третман на поддршка на матриксот на сврзното
ткиво или кога е потребно да се успори процесот на стареење,
средтвото MD-NEURAL може да се употреби заедно со
MD-MATRIX и MD-TISSUE.
Исто така може да се користи како механичка подлога при
третман на следните болести:
x Брахиална болка (заедно со средството MD-NECK).
x Брахиална невралгија, како последица на цервикален притисок
на нервите (заедно со средството MD-NECK).
x Континуирани меѓуребрени невралгии (заедно со средството
MD-THORACIC).
x Постхерпесни невралгии (заедно со средството MD-THORACIC
и MD-MUSCLE).
x Aтипичен фацијален неуритис (заедно со средството MD-NECK).
x Невралгии на тригеминус (заедно со средството MD-NECK).
Х Болка во темпоромандибуларниот зглоб (заедно со средството
MD-NECK).
X Болка во коренот на вратниот, градниот, лумбалниот и
сакролумбалниот нерв (по ред во комбинација со MD-NECK,
MD-THORACIC, MD-LUMBAR и MD-ISCHIAL).
Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е
добро затворена. По отварањето содржината на ампулата мора
веднаш на се искористи. Не ја користете ако пакувањето е
оштетено.