MD – Shoulder

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia

Состав: Kolagen.

Помошни материи: Перуника, NaCl, вода за инјекција

За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:

x Кутија: 5 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

x Кутија: 10 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

x Кутија: 50 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

Пакувањето содржи стерилни ампули

Мерки на предпазливост за складирање:

заштитете ги од сончева светлина и замрзнување.

Услови на складирање и ракување:

Намена

Медицинско средство MD- SHOULDER e на база на колаген како основна компонента и додадени различни состојки како ексципиенти: Перуника, NaCl, вода за инјекција.

MD- SHOULDER e медицинско средство дизајнирано да го потпомага движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување причинето од:

  • стареење
  • лошо држење на телото
  • пратечки хронични болести
  • удари и повреди
  • загадувачи.

MD- SHOULDER e медицинско средство кое ја потпомага подвижноста на зглобот на рамото и раката. Неговите главни терапевтски функции вклучуваат:

1.Ефект на бариера.

2.Подмачкување.

3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.

MD- SHOULDER e медицинско средство, наменето за употреба од страна на квалификуван персонал во приватни и јавни здравствени установи со цел:

  • Подобрување на подвижноста на зглобот на рамото и раката.
  • Потпомага за истегнување на мускулите.
  • Потпомага во поддршка на мускулното ткиво.
  • Ја ублажува локалната болка и болка предизвикана со движење.

Упатство за употреба

Терапевтски протокол:

1-2 третман неделно, 10 недели по ред

Техника на периартикуларно вбризгување(местото на давање мора да биде асептично, внесете ја иглата до длабочина од 2-4 мм)

За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и помошна опрема:

x  Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за днократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.

x Игли: стерилни 27 G.

x Шприцеви: големина 5 или 10 мл во зависност од количеството на раствор за вбризгување.

За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и помошна опрема:

x  Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за днократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.

Се препорачува употреба на локална анестезија на третираното подрачје на кожата.

x Игли: стерилни 22 G.

x Шприцеви: големина 5 или 10 мл во зависност од количеството на раствор за вбризгување.

Контраиндикации/несакани дејства

Примери на преосетливост на средството MD- SHOULDER не се познати. Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкавсто вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.

Внимание и мерки на претпазливост

При болка во рамото потребна е диференцијална дијагноза за хромичен вратен синдром, исхемична болест на срце(акутни, хронични. Само од лева страдан) болести на жолчната кеса (само од десна страна), вратно-брахијална невралгија, тригер на мускулите во трапезниот мускул. При механичко дејство на иглата или на површински реакции на кожата може да дојде до благо црвенило на местото на вбризгување.

Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција на кожата. Пиогените бактерии можат да предизвикаат апсцеси на местото на вбризгување.

ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.

Не користете по истекот на рокот на употреба, Рокот на употреба се однесува на производ, кој е правилно складиран во оригинално и неоштетено пакување. Производот да се употреби веднаш по отварањето.

Упатство за употреба

Средството MD- SHOULDER може да се употреби за самостален третман или во комбинација со други медицински средства со ист опсег за прилагодување на третманот за клинички потреби.

Кога е потребен третман за поддршка на акутна болка, средството MD-SHOULDER може да се употреби заедно со MD-NEURAL, MD-POLY i MD-MUSCLE (со едно или повеќе наведени средства). Покрај тоа, кога е потребен третман на поддршка за матрикс врзното ткиво или кога е потребно да се успори процесот на физиолошко стареење, средството MD-SHOULDER може да се употреби заедно со MD-MATRIX i MD-TISSUE.

Исто така може да се користи како механичка подлога при третман на следните болести:

x Полиартритис на рамо-колк (заедно со средството MD-POLY).

x Синдром на ротаторна манжетна (заедно со средството MD-MUSCLE).

x Синдром рамо-колк (заедно со средството MD-NEURAL i MD-MUSCLE).

x Замрзнато раме (заедно со средството MD-MUSCLE).

x Болка во рамото како последица на дислокација (терапоја на мирување, заедно со средството MD-NEURAL).

x Eпикондилитис (заедно со средството MD-NEURAL i MD-POLY).

Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули

Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е добро затворена. По отварањето содржината на ампулата мора веднаш на се искористи. Не ја користете ако пакувањето е оштетено..