MD – Thoracic

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia

Состав: Kolagen.

Помошни материи: Цимицифуга, NaCl, вода за инjекција

За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:

x Кутија: 5 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

x Кутија: 10 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

x Кутија: 50 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

Пакувањето содржи стерилни ампули

Мерки на предпазливост за складирање:

заштитете ги од сончева светлина и замрзнување.

Услови на складирање и ракување:

Намена

MD- THORACIC e медицинско средство дизајнирано да го потпомага движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување причинето од:

  • стареење
  • лошо држење на телото
  • пратечки хронични болести
  • удари и повреди
  • загадувачи.

MD- THORACIC e медицинско средство кое ја потпомага подвижноста особено на торакалната регија од рбетните столб. Неговите главни терапевтски функции вклучуваат:

1.Ефект на бариера.

2.Подмачкување.

3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.

MD-THORACIC e медицинско средство, наменето за употреба од страна на квалификуван персонал во приватни и јавни здравствени установи со цел:

  • Подобрување на подвижноста на торакалниот тракт од рбетот.
  • Потпомага за истегнување на мускулите.
  • Потпомага во поддршка на мускулното ткиво при нарушувања од лошо држење на телото.
  • Ја ублажува локалната болка, болката предизвикана при движење и при лошо држење на телото.

Упатство за употреба

Техника на периартикуларно вбризгување

2 третман неделно, првите 2 недели, 1 третман до подобрување на симптомите (просечно 8-10 третмани) При хронични патологии почнете со 1 третман неделно еден месец, до подобрување на симптомите, потоа 1 третман месечно.

Местото на давање мора да биде асептично, внесете ја иглата до длабочина од 2-4 мм)

За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и помошна опрема:

x  Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за днократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.

x Игли: стерилни 27 G.

x Шприцеви: големина 5 или 10 мл во зависност од количеството на раствор за вбризгување.

Контраиндикации/несакани дејства

Примери на преосетливост на средството МD-SMALL JOINTS не се познати. Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкавсто вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.

Внимание и мерки на претпазливост

При болка бо рбетот потребна е диференцијална дијагноза за болка поради примарен или секундарен канцер, рефлексии или преносна болка од внатрешни органи.

При механичко дејство на иглата или на површински реакции на кожата може да дојде до благо црвенило на местото на вбризгување.

Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција на кожата. Пиогените бактерии можат да предизвикаат апсцеси на местото на вбризгување.

ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.

Не користете по истекот на рокот на употреба, Рокот на употреба се однесува на производ, кој е правилно складиран во оригинално и неоштетено пакување. Производот да се употреби веднаш по отварањето.

Упатство за употреба

Средството MD-THORACIC може да се употреби за самостален третман или во комбинација со други медицински средства со ист опсег за прилагодување на третманот за клинички потреби.

Кога е потребен третман за поддршка за акутна болка, средството MD-THORACIC може да се употреби заедно со MD-NEURAL, MD-POLY i MD-MUSCLE (се едно или повеќе наведени средства).

Покрај тоа, кога е потребен третман за поддршка за матриксот на сврзните ткива или е птребно да се успори процесот на физиолошко стареење, средството MD-THORACIC може да се употреби заедно со MD-MATRIX i MD-TISSUE.

Исто така може да се користи како механичка подлога при третман на следните болести:

x Болка во градите како последица на дегенеративни пореметувања на рставицата на градниот дел на рбетот (остеоартритис на градите, (заедно со средството MD-POLY).

x Болка во градите при сколиоза (заедно со средството MD-MUSCLE и MD-NEURAL).

x Болка во градите во тригер точките на долгите градни мускули (заедно со средството MD-MUSCLE).

x Болка како последица на остеофитоза на градниот дел на рбетотo (заедно со средството MD-NEURAL).

x Болка при остеопороза на рбетот (заедно со средството MD-NEURAL i MD-MUSCLE).

x Механички неравнотежи (синдром на косто-вертебрално оштетување на малите пршленски зглобови) (заедно со средството MD-NEURAL).

x Синдром на градни спинални лигаменти (заедно со средството MD-NEURAL).

x Болка во коренот на нервот на градниот дел на рбетниот столб (заедно со средството MD-NEURAL).

 

Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули

Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е добро затворена. По отварањето содржината на ампулата мора веднаш на се искористи. Не ја користете ако пакувањето е оштетено.