MD – Tissue

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia

Состав: Kolagen.

Помошни материи: Аскорбинска киселина, магнезиум глуконат, пиридоксин хидрохлорид, рибофлавин, тиамин хидрохлорид, NaCl, вода за инекција

За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:

x Кутија: 5 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

x Кутија: 10 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

x Кутија: 50 ампули

(една ампула 2 ml – количина за екстракција)

Пакувањето содржи стерилни ампули

Мерки на предпазливост за складирање:

заштитете ги од сончева светлина и замрзнување.

Услови на складирање и ракување:

Намена

MD-TISSUE e медицинско средство дизајнирано да потпомага за подвижност на ограничувањата на физиолошките дегенерации на зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување причинето од:

x стареење

x лоша положба

x пратечки хронични болести

x удари и повреди

x загадувачи.

MD-TISSUE e медицинско средство дизајнирано да потпомага за подвижност при движење, ублажување на процесот на физиолошко стареење на сврзното ткиво. Неговите главно терапевтски функции опфаќаат:

1.Ефект на бариера.

2.Подмачкување.

3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.

 

MD-TISSUE e медицинско средство, го употребуваат квалификувани лица во приватни и јавни здравствени установи, за следните намени: B DДелува како заштитна бариера од слободните радикали.

B Ублажување на физиолошкото стареење на врзното ткиво.

B Ублажување на локалната болка пичинета од движење.

Упатство за употреба

Терапевтски протокол

2 третман неделно, првите 2 недели, 1 третман до подобрување на симптомите (просечно 8-10 третмани) Можно е да се продолжи со 1 третман секоја втора недела, а највеќе 10 недели. За хронични патологии: почнете со 1 третман неделно еден месец, до подобрување на симптомите, потоа 1 третман месечно.

х Техника на интрадермално вбризгување: местото на давање мора да биде асептично

Микровбризгувања: внесете ја иглата до длабочина од 1-3 мм, и вбризгајте 0,2-0,3 мл во болното ткиво.

Техника на тунелно вбризгување: вбризгајте 0,3 мл по набор. Воведете ја иглата под кожата, полна должина на иглата, канулирајте го наборот, со лесно поместување на иглата лево и десно, додека ја вбризгувате содржината на шприцот додека ја извлекувате иглата.

x Техника на периартикуларно вбризгување: местото на давање мора да биде асептично; воведете ја иглата нормално на површината на кожата на длабочина од 2-4 мм и извршете микровбризгувања од 0,3-0,5 мл.

Припрема за вбризгување

За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и помошна опрема:

x  Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за днократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.

x Игли: стерилни 27 G.

х Игли за тунелно вбризгување: стерилни 30 G, 13 мм

x Шприцеви: големина 5 или 10 мл во зависност од количеството на раствор за вбризгување.

Контраиндикации/несакани дејства

Примери на преосетливост на средството MD-TISSUE не се познати. Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкавсто вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.

Внимание и мерки на претпазливост

При механичко дејство на иглата или на површински реакции на кожата може да дојде до благо црвенило на местото на вбризгување.

Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција на кожата. Пиогените бактерии можат да предизвикаат апсцеси на местото на вбризгување.

ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.

Не користете по истекот на рокот на употреба, Рокот на употреба се однесува на производ, кој е правилно складиран во оригинално и неоштетено пакување. Производот да се употреби веднаш по отварањето.

Упатство за употреба

Средството MD-TISSUE може да се употреби за самостален третман или во комбинација со други медицински средства со ист опсег за прилагодување на третманот за клинички потреби.

Може да се употреби кога на пациентот му е потребен додаток на колаген или локален третман против стареење

 

Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули

Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е добро затворена. По отварањето содржината на ампулата мора веднаш на се искористи. Не ја користете ако пакувањето е оштетено.