СТОМАТОЛОГИЈА

Иновативен пристап на регенеративната медицина во стоматологијата, со употреба на  ГУНА колаген медицински средства. Колагенот е структурен протеин кој е присутен во ткивата од мезодермално потекло во висок процент (заби, периодонтални лигаменти, мастикаторна мускулатура, темпоро-мандибуларен зглоб, од интерес на стоматологијата). Во областа на стоматологијата употребата на ГУНА колаген е од особено значење при нарушувања со потекло од мастикаторните мускули,  парадонтитис, периимплантитис, повреди, дисфункции на темпоро-мандибуларниот зглоб.

ГУНА колаген медицинските средства се од класа III,  согласно Directive 93/42 CEE. 1993, и истите се наменети од страна на производителот за употреба кај луѓе со цел:

  • Превенција, третман или олеснување на болест,
  • Олеснување или компензација при повреди или хендикеп.

Инфилтрација на колаген во екстра-целуларниот матрикс има двојна активност:

  1. Замена, поддршка, зајакнување, заштита на сврзните ткива
  2. Зголемување на условите за анизотропија и следствено на силите на истегнување, способни за стимулација на фибробластот за синтеза на автологен колаген

Досегашното искуство од практичната употреба на ГУНА колагенот во областа на стоматологијата покажува одлични резултати од кои се задоволни и пациентите и докторите.

Prezentacija-GUNA-COLLAGEN-MEDICAL-DEVICES-IN-DENTISTRY-JUNE-2020-1