За нас

Аквамарин Меди Велнес ДОО- е компанија која од 2017 година е ексклузивен увозник и дистрибутер на иновативни производи во областа на интегрирана медицина. Аквамарин Меди Велнес ДОО е исклучителен претставник за Република Македонија за производите на компанијата GUNA S.p.A., ITALY (http://www.gunainternational.com/) во областа на физиолошки регулирана медицина. GUNA производите се извезуваат во повеќе од 30 земји во светот.

Нашата активност во Р. Македонија ја отпочнавме со медицинските средства GUNA Kолаген и додатоци на храна. Интенција  на нашата компанија е да го прошири асортиманот и со хербални и хомеопатски лекови во ниски дози и козметика.

Вработените во Аквамарин Меди Велнес ДОО се високо квалификувани со соодвено образование (медицински, фармацевтски факултет, бизнис економија и др.) како и друг стручен кадар.

Аквамарин Меди Велнес ДОО со гордост ги дистрибуира квалитетните иновативни и безбедни производи,  со цел јакнење на грижата за здравјето и убавината и унапредување на здравиот животен стил.

Нашата активност продолжува со нови производи од областа на козметиката. Ексклузивен асортиман на GUNA ДЕРМО КОЗМЕТИКА. од компанијата  GUNA S.p.A., ITALY

Аквамарин Меди Велнес ДОО нуди и ексклузивен aсортиман за вашите домашни миленици од иновативна линија на комплементарни извори на исхрана во облик на паста. GUNA PET FORMULA LINE

https://www.facebook.com/Pets-Nutrition-MK

Аквамарин Меди Велнес ДОО е исто така ексклузивен претставник за територијата на Македонија и Косово, на Францускиот бренд ISOSTAR, со асортиман на производи наменети претежно за спортисти.

https://www.facebook.com/Isostar-Makedonija