MD – Small Joints

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia

Состав: Kolagen.

Помошни материи: Виола, NaCl, вода за инјекција

За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:

x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)

x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)

x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)

Пакувањето содржи стерилни ампули

Мерки на претпазливост за складирање:

заштитете ги од сончева светлина и замрзнување.

Услови на складирање и ракување:

Намена

MD- SMALL JOINTS e медицинско средство дизајнирано да го потпомага движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување причинето од:

  • стареење
  • лошо држење на телото
  • пратечки хронични болести
  • удари и повреди
  • загадувачи.

MD- SMALL JOINTS e медицинско средство кое ја потпомага подвижноста на малите зглобови (како оние на стапалато, раката и глуждот. Неговите главни терапевтски функции вклучуваат:

1.Ефект на бариера.

2.Подмачкување.

3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.

MD- SMALL JOINTS e медицинско средство, наменето за употреба од страна на квалификуван персонал во приватни и јавни здравствени установи со цел:

  • Подобрување на подвижноста на малите зглобови на стапалато, раката и глуждот.
  • Потпомага за истегнување на мускулите.
  • Потпомага во поддршка на мускулното ткиво.
  • Ја ублажува локалната болка и болка предизвикана со движење на зглобовите.

Упатство за употреба

Терапевтски протокол:

1-2 третман неделно, 10 недели по ред

Техника на периартикуларно вбризгување(местото на давање мора да биде асептично, внесете ја иглата до длабочина од 2-4 мм)

За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и помошна опрема:

x  Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за днократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.

x Игли: стерилни 27 G.

x Шприцеви: големина 5 или 10 мл во зависност од количеството на раствор за вбризгување.

Техника на интраартикуларно вбризгување

За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и помошна опрема:

x  Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за днократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.

Се препорачува употреба на локална анестезија на третираното подрачје на кожата.

x Игли: стерилни 22 G.

x Шприцеви: големина 5 или 10 мл во зависност од количеството на раствор за вбризгување.

Интраартикуларна примена во глуждот

Зглобовите на стопалото може да се третираат со интраартикуларно вбризгување во глуждот. Овој третман може да се употреби и на скочниот зглоб.

За медјален и латерален пристап прво треба стапалото да се стави под агол приближно на 45 степени плантарна флексија.

Контраиндикации/несакани дејства

Примери на преосетливост на средството МD-SMALL JOINTS не се познати. Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкавсто вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.

Внимание и мерки на претпазливост

При болка на шаката/стопалото и малите зглобови потребна е диференцијална дијагноза за примарна невралгија, посттравматска болка, секундарна болка поради скорешни или стари преломи на коски.

При механичко дејство на иглата или на површински реакции на кожата може да дојде до благо црвенило на местото на вбризгување.

Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција на кожата. Пиогените бактерии можат да предизвикаат апсцеси на местото на вбризгување.

ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.

Не користете по истекот на рокот на употреба, Рокот на употреба се однесува на производ, кој е правилно складиран во оригинално и неоштетено пакување. Производот да се употреби веднаш по отварањето.

Упатство за употреба

Средството MD-SMALL JOINTS може да се употреби за самостален третман или во комбинација со други медицински средства со ист опсег за прилагодување на третманот за клинички потреби.

Кога е потребен третман за поддршка за акутна болка, средството MD-SMALL JOINTS може да се употреби заедно со MD-NEURAL, MD-POLY i MD-MUSCLE (се едно или повеќе наведени средства). Покрај тоа, кога е потребен третман за поддршка за матриксот на сврзните ткива или е птребно да се успори процесот на физиолошко стареење, средството MD-SMALL JOINTS може да се употреби заедно со MD-MATRIX i MD-TISSUE.

Исто така може да се користи како механичка подлога при третман на следните болести:

x Oстеоартритис на прстите.

x Ризоартроза на палецот (Форестиерова болест).

x Aртрозна болка како последица на чекичаст ножен прст.

x Kарпален синдром (заедно со средството MD-NEURAL).

x De Quervainova болест (заедно со средството MD-NEURAL).

x Mетатарзална болка.

x Mетатарзална болка пратена со Mортонов неуром (заедно со средството MD-NEURAL).

x Реуматоиден артритис на шака/стопало (заедно со средството MD-POLY).

x Болка во тетивата на шака/стапало по долготрајна имобилизација

Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули

Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е добро затворена. По отварањето содржината на ампулата мора веднаш да се искористи. Не ја користете ако пакувањето е оштетено..

Знаци и регии на инјектирање:

 

 

Превземете го Упатството за употреба: