АНТИ-ХЕМОРОИДНА МАСТ
Внимателно прочитајте го упатството за употреба, кое содржи важни информацииза тоа на што треба да обрнете внимание при користење на ова медицинско средство. Зачувајте го ова упатство, можда ќе треба повторно да го прочитате.За дополнителни информации прашајте го својот лекар или фармацевт. Во колку симптомите потраат по одредено време, советувајте се со лекар. Иако во истражувањате не се воочени никакви несакани дејства, во случај на можни несакани дејства истите пријавете ги кај својот лекар или фармацевт.
СОСТАВ: мед, пчелен восок (Cera flava); глицерол. маслени екстракти од растителни видови: надземен дел од столисник (Achillea millefolium L.), лист од жалфија (Sativa officinalis L.)лист од широколисен трпут (Plantago major L.), кора од даб (Quercus robur L.), лист одмаслинка (Olea europaea L.), цвет од невен (Calendula officinalis L.), цвет од камилица(Matricaria chamolilla L.), надземен дел од троскот (Polygonum aviculare L.); етерично масло од австралиски чаеви (Melaleuca altenifiolia), темјан (Timus vulgaris ct. thymol)и оригано (Origanum vulgare).
ИНДИКАЦИИ:
Bioapifit анти-хемороидната маст индицирана е за ублажување:
- ректално крварење
- јадеж и иритации во аналната регија
- оток во регијата на анусот
- болка
- непријатност при дефекација
НАМЕНА: Bioapifit анти-хемороидната маст наменета е за ублажување на симптомите поврзани со хемороиди, фисури, prurius ani, и други аноректални состојби, како што се крварење од ректумот, јадеж и иритација во аналната регија, оток во регијата на анусот, и болка и непријатност при дефекација.
НАЧИН НА ДЕЈСТВУВАЊЕ: Bioapifit анти-хемороидната маст е медицинско средство класа Iia, која ги ублажува симптомите поврзани со хемороиди, фисури, pruritus ani и други неинфективни аноректални тешкотии, со физичко дејство на слузницата во перианалната и ректалната регија. Физичките параметри како ниска pH (поради присутноста на мед и мацерат), висока осмоларност/ниска активност на вода (поради присуството на мед), висока вискозност, маснотии (поради присуството на мацерат, глицерин и пчелен восок), како и лубриканти.
Bioapifit анти-хемороидната маст резултира со ублажување на симптомите на хемороидалните болести како што се крварење, свраб,иритација и болка поради: создавање на заштитен слој на оштетената перианална и ректална слузница, што овозможува нејзино заздравување и спречување на понатамошна иритација; создавање на неповолна средина за раст, и размножување на патогени (ниска pH, висока осмоларност, ниска активност на вода, ефект на обложување); ублажување на болката и непријатност во текот на дефекација поради ефектотна подмачкување.
ПАКУВАЊЕ: Туба со 50 мл маст со апликатор во картонска кутија
КОНТРАИНДИКАЦИИ: Не се познати
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Не користете Bioapifit анти-хемороидна маст ако сте бремени и ако доите. Препорачана дневна доза не смее да се пречекори. Не користете во случај на преосетливост на било која состојка на производот.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА: За ублажување на симптомите на надворешни хемороиди, нанесувајте ја маста 10 дена 3-4 пати на ден на чиста и сува периаанална регија. За ректална примена ставете го апликаторот на тубата, и потоа ставете го апликаторот во ректумот и притиснете ја тубата така да маста ја распоредите рамномерно на болното место. По употреба апликаторот одма отстранете го од тубата и затворете ја тубата со капачето. Апликаторот темелно да се исчисти со вода и детергент и затворете го со посебниот поклопец.
РОК НА ТРАЕЊЕ: Втиснат на кутијата и се однесува на оригинално затворен и чуван производ.
По отварањето производот е сигурен за употреба во наредните 3 месеца.
НАЧИН НА ЧУВАЊЕ: На темно место, на температура под 250 Ц, надвор од дофат на деца.
ПРОИЗВОДИТЕЛ: APIHERBAL d.o.o, Dubrava 124, 10040 Zagreb, Hrvatska
ЕКСКЛУЗИВЕН ЗАСТАПНИК И ДИСТРИБУТЕР ЗА МК: АКВАМАРИН МЕДИ ВЕЛНЕС ДОО
Бул. Мит. Теодосиј Гологанов 112-1/22 Скопје, тел. 02 5127 833, akvamarinmv@gmail.com
МЕДИЦИНСКО СРЕДСТВО: СЕ 0477
Регистрација во Агенција за лекови: 14-241/2
Превземете го Упатството за употреба:
SRT 2 Hemoroidi