Во ГУНА Милано, на 30.12.2024 се одржа 3-ти Конгрес со наслов:
“Колаген во болести на зглобовите и мускулите: нови клинички искуства”
Нашите претставници земаа активно учество и ги пренесоа нашите искуства.
kongres 1 atr
Во периодот од 07-09.02.2022 во Гуна Милано, се одржаа два тренинга за доктори. На тренинзите активно учество земаа и доктори од Р. Македонија.
Темите на тренинзите се следните:
7 February – “Guna Collagen Medical Devices in Orthopedics and Physical Rehabilitation Medicine“
Предавачи:
Alessandro Perra – Scientific Director of Guna
Alberto Meroni – Specialist in Orthopedics and Traumatology Surgery
При тоа од страна на експертите беше направена презентација за употребата на медицинските средства Гуна колаген во ортопедијата и во физикалната медицина и рехабилитација, особено при мускулно скелетни нарушувања. Исто така се направи претставување на инјекционите техники и протоколи, со можност за поставување на прашања и секако одговори. Настанот заврши со доделување на сертификати.
Во продолжение можете да ги проследите предавањата:
9 February – “Guna Collagen Medical Devices in Aesthetic Medicine”
Предавачи:
Alessandro Perra – Scientific Director of Guna
Gianluca Fatuzzo – Specialist in Aesthetic Medicine
При тоа од страна на експертите беше направена презентација за употребата на медицинските средства Гуна колаген во областа на естетиката, особено во делот на нехируршко подмладување, со акцент на биопотпората и биостимулацијата. Беше направена и презентација за апаратот Gunaphoresis, како можност за безиглена апликација на Гуна колагенот.
Исто така се направи претставување на техники и протоколи, комбинација со други естетски третмани. Имаше можност за поставување на прашања и секако одговори. Настанот заврши со доделување на сертификати.
Во продолжение можете да ги проследите предавањата: