MD – Knee

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italija
Состав: Kolagen.
Помошни материи: Arnika NaCl, вода за инекција.
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
MD- KNEE e медицинско средство дизајнирано да потпомогне за
подвижност на ограничената и оштетената физиолошка дегенерација
на зглобовите и ткива, како и ублажување на било кое оштетување
предизвикано од:
x стареење
x лоша положба
x пратечки хронични болести
x удари и повреди
x загадувачи.
MD-KNEE e медицинско средство кое потпомага за подвижност на
коленото. Неговите главно терапевтски функции опфаќаат:
1. Ефект на бариера.
2. Подмачкување.
3. Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.
MD-KNEE e медицинско средство, го употребуваат квалификувани
лица во приватни и јавни здравствени установи за следните намени:
– Подобрување на подвижноста на коленото
– Потпомага за истегнување на мускулите.
– Ја ублажува локалната болка при движење на ногата и коленото.

Упатство за употреба
Терапевтски протокол:
1 третман неделно, 10 недели по ред.
Техниката на пераартикуларно вбризгување (местото на давање
мора да биде асептично: внесете ја иглата до длабочина од 2-4 мм)
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Игли: стерилни 27 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл, во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.
Техника на интраартикуларно вбризгување
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
днократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни
компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
Се препорачува употреба на локална анестезија на третираното
подрачје на кожата.
– Игла 22 G
– Шприцеви: големина 2 мл, во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.
Контраиндикации/несакани дејства
Примери на преосетливост на средството MD-KNEE не се познати.
Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен
материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкасто
вбризгување во едната рака, а потоа да се пратат еден час.
Предупредување и мерки на претпазливост
При болки во коленото потребна е диференцијална дијагноза за
повредата на колатерални или вкрстени лигаменти, препателарен
бурзитис, патологија на зглобот на колкот, остеохондритис дисеканс,
инфламаторна артропатија, гихт, псеудогихт, септичен артритис.

При механичко дејкство на иглата или на површински реакции
на кожата може да дојде до благо црвенило на местото на вбризгување.
Пред и по употребата потребно е чистење/дезинфекција на кожата.
Пиогените бактерии можат да предизвикаат апсцеси на местото на
вбризгување.
ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.
Не користете по остекот на рокот на употреба, Рокот на употреба се
однесува на производ, кој е правилно складиран во оригинално и
неоштетено пакување. Производот да се употреби веднаш по отварањето.
Упатство за употреба
Средството MD-KNEE може да се употреби за самостален третман или во
комбинација со други медицински средства со ист опсег за прилагодување
на третманот за клинички потреби.
Кога е потребен третман за акутна болка, средството MD-KNEE може да се
употреби заедно со MD-NEURAL, MD-POLY i MD-MUSCLE (со едно или
повеќе од наведените средства). Покрај тоа, кога е потребен третман за
поддршка за матриксот на сврзното ткиво или кога е потребно да се успори
процесот на физиолошко стареење, средството MD-KNEE може да се
употреби заедно со MD-MATRIX i MD-TISSUE.
Исто така може да се користи како механичка поддршка при третман на
следните болести:
x Aртроза на колено (заедно со средството MD-POLY).
x Патело-феморална артроза.
x Локализација на реуматоидниот артритис или други автоимуни
заболувања на колено (заедно со средството MD-POLY).
x Акутен и хроничен артосиновитис на колено, секундарен за артроза или
реуматоиден артритис (заедно со средството MD-POLY).
x Посттравматски или постоперативен акутен или хроничен артосиновитис.
x Травматски лезии на вкрстени или колатерални лигаменти на колено.
x Лезии на менискус ((заедно со средството MD-MUSCLE).
x Припрема на зглобот на коленото за операција на отстранување на
менискусот (заедно со средството MD-MUSCLE).
x Tерапија на одржување по операција на колено (заедно со средството
MD-MUSCLE I MD-NEURAL)
Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е добро
затворена. По отварањето содржината на ампулата мора веднаш да
се искористи. Не ја користете ако пакувањето е оштетено.

Знаци и регии на инјектирање:

Превземете го Упатството за употреба: