Пациент: М.П.жена на возраст од 56 години
Поминав низ вистинска голгота, особено после мојата повреда на вратот. Имав дијагноза: МРИ наод во прилог на спондилоартроза со дископатија. Ми беше предложена итна операција, но јас не прифатив.
Накратко мојата дојагноза : збришана вратна лордоза, сколиоза, стеснети дискални простори на повеќе нивоа, со дегенеративна остеохондроза. Промени на дискуси од дехидратација, протрузија, надув, до дискус хернија на различни нивоа, Најизразена на С4 , со компресија на ‘рбетен мозок.Задебелени жолти лигаменти, артрозни промени на фасетни зглобови итн. Ниту една терапија и рехабилитација не ми помогнаа да се намалат симптомите на вкочанетост и тешка подвижност на вратот и силна континуирана болка, трнење на шаката и др.
Ја прифатив предложената терапија со Гуна колаген што навистина направи чудо.
Терапијата траеше подолго време, на секој третман ми беа аплицирани по 4 ампули различни Гуна колагени за регенерација на сите ткива. Веднаш по вториот-третиот третман почувствував попуштање на симптомите, но главното подобрување го осетив по 3 седмици, како што ми беше кажано на почеток на терапијата. Ми се промени животот, се ослободив од стравот, од болката, од принудното држење на главата, од несоницата, дури почнав и да вежбам што претходно ми беше забрането.
Огромна, огромна благодарност до целиот тим на Аквамарин Меди Велнес, неповторлива екипа за поддршка низ целиот процес. Ви благодарам од срце.
Пациент: С. Р, жена, возраст 66 години.
Мојот голем проблем беше Артроза на 2-та колка и 2-те колена со препорака од ортопед за итна операција што јас тоа никако не можев да го прифатам поради низа други здравствени проблеми. Мислев дека сум во безизлезна состојба, затоа што со секој покрет беа предизвикани јаки болки. Кога мојот физиотерапевт ми објасни дека со третмани со ГУНА колаген моите проблеми можат да бидат решени, велев дека тоа е премногу убаво за да е вистинито и со мала недоверба се обратив во АКВАМАРИН МЕДИ ВЕЛНЕС за третмани. Како прво наидов на голема професионалност и спремност за во секој момент да добијам одговор на мои безброј прашања и големо сочувствување со моите проблеми и прељубезен однос на Др. Марина и физиотерапевтките Мери, Сашка и Лиле. Со секое одење имав чувство дека одам кај најдобри пријатели кои со нетрпение очекуваа да кажам дека се чувствувам подобро. И како ми беше објаснето дека ГУНА колагенот постепено ќе почне да си ја презема својата улога во телото, така и јас гледав напредок. Одев со двете раце на бастумот потпрена а сега можам да направам дваесетина чекори без бастум. 3 години немав воопшто ноќе спиено од болки а сега имам одличен сон. Неможев ниту една скала да качам сега полека се качувам по скали. Неможев на десната нога да се потпрам сега и тоа со леснотија го правам. Нормално дека уште треба да заздравувам но тоа е безначајно со оглед каков живот проживеав. После три години ќе одам и на одмор. На крај што можам да речам освен голема благодарност до целиот тим на луѓе со огромни срца и верувајте во чуда. Сепак може премногу убави работи да бидат вистинити.
06.11.2023
Д. Т. пациент маж, 66 години возраст .
Ми беше поставена дијагноза paresis facialis на десната страна на лицето, во февруари, 2023 година. Имав долготрајна терапија но сите тераписки мерки не дадоа никаков резултат. Имав целосна неподвижност на десната страна на лицето што ми правеше проблем да живеам нормално. Имав функционални и естетски нарушувања во висок степен со отежнато голтање, џвакање, зборување, смеење и останата мимика на лицето. Течна храна и вода ми истекуваа од устата неконтролирано, што дополнително ми беше голем проблем, особено емотивно бев многу засегнат.
Освен лековите пиев и колаген што не даде никакво подобрување. Веднаш штом слушнав за терапијата со Гуна колаген не се двоумев, туку отпочнав со терапија. Од Др. Марина добив комплетни информации за оваа биолошка и безбедна терапија. Веќе на крај од април, 2023 година отпочнав со терапија со апликација на медицинскиот Гуна колаген. Веќе со првите третмани почувствував подобрување на симптомите на затегнатост, иако сеуште имав асиметрија на лицето, сепак почнав да чувствувам олеснување. Направивме 10 терапии поврзани, а по завршувањето бев презадоволен од постигнатиот резултат. По завршената основна терапија, продолживме со одржување што навистина има многу значајна улога во терапијата. По 3 месеци веќе имав видливи резултати, а по 4 месеци постигнавме целосно опоравување. На лицето нема никаква асиметрија, сите функции се нормализираа. Пресреќен сум и бескрајно благодарен на целиот персонал,на Др. Марина, на физиотерапевтките, Сашка и Мери, кои имаат максимална професионалност и љубезност и секоја посета на колагенскиот центар Аквамарин ми причинува задоволство. Срдечно ги поздравувам и пресреќен сум што ми помогнаа да се вратам на моите секојдневни активности, пешачење, возење велосипед итн.
Ваш Аквамарин
Violeta Viki 28.12.2021
Доживејте ги прекрасните предновогодишни момементи како што ги доживеав и јас во Колагенскиот центар Аквамарин. Мојата докторка Marina Popovska-Domazetova која најповеќе се грижи за моето здравје и мојата менторка Antonia Domazetova со која чекорам кон здрав живот ми подарија НОВОГОДИШЕН ВАУЧЕР. Се гордеам многу што ве запознав.
https://www.facebook.com/100000482970851/videos/435841561349165/
Р. Ч. Лидија, 50 години. 24.03.2021
Колагенските третмани за лице ми ја повратија самодовербата во мојот изглед. Почнав да ја намалувам употребата на јаките пудри и шминки кои редовно ги користев за прикривање на брчките, флеките и лузните на лицето. Позитивниот ефект се забележува уште со првиот третман, а видливо подобрување после третиот третман. Посакуваниот резултат го постигнав после 10 третмани, во период од околу 1 месец, како и со последователните редовни колагенски третмани, најмалку еднаш месечно. Од лично искуство, освен колагенскиот третман, ги препорачувам и другите видови на третмани за лице и тело, бидејќи секогаш бев третирана од високо обучени лица со целосна посветеност кон моите потреби. Секоја чест за екипираноста на Аквамарин Велнес центарот, за стручните совети на д-р спец. Марина П. Домазетова, професионалниот пристап и пред сѐ за посветеноста на работниот тим кон клиентите.
Д.П. 12.01.2021
Имам 54 години и во минатиот период од 6 месеци, имав проблем со прст на десната рака, со дијагноза Тригер Фингер, одев на различни физикални терапии, кои не помогнаа многу, сеуште болката и блокадата на прстот постоеше, и ми беше понудена операција, се додека не разбрав дека кај нас постои колагенски центар Бјути Хаус, на Аквамарин Меди Велнес. Таму ми аплицираа 10 третмани со ГУНА колаген сосема безболно со апарат, и по веќе четвртиот третман осетив нагло подобрување. По завршените 10 третмани, секојдневно состојбата се подобруваше и сега по еден месец, немам никакви проблеми со прстот. Топло ги препорачувам третманите во Бјути хаус на Аквамарин Меди Велнес. Поздрав до вработените, најдобри сте 🙂
Milka Stefkova 28.10.2020
Samo od 10 terapii so kolagen mi pomina trnenjeto vo racete I bolkite predizvikani od artritis. Im blagodaram na vrabotenite vo Akvamarin Velnes centar ot. Toplo gi preporachuvam kolagenskite terapii na site.
Ина Милановиќ 06.07.2020 ја препорачува Аквамарин Меди Велнес
Колагенот покажа дека навистина има голема моќ. Многу сум задоволна од резултатот.
Марина и Сашка прекрасни сте

Викторија Петровска 25.06.2020
Викторија Петровска 25.06.2020 Драги мои, поголемиот дел од вас знаете дека пред година дена ја скршив (лом) десната потколеница (двете главни коски)
Имав тешка оперција и уште потежок период на рехабилитација
Цели 4 месеци бев “врзана” за кревет, и искрено бев скептик како ќе продолжам понатаму да се движам.
Болките во ногата беа страшни, отокот никако не се губеше (и покрај сите масажи).
Некако се помирив и продолжив да живеам со сето тоа.
Се’ додека не се споивме со @beautyhouse_akvamarin
Доктор @pdomazetova и @beautyhouse_akvamarin беа мојот лек
Преку 10-дневен третман со ГУНА-КОЛАГЕНОТ,
јас денес немам скоро и никакви болки, немам повеќе оток (кој ми одеше на нерви, признавам), конечно си ги облеков омилените штикли и патики, и замислете пробувам да трчам
ИСКРЕНО И ТОПЛО Ви препорачувам ваква терапија на сите вие кои имате болки постоперативно, болки во мускулите, коските и отежнати движења
Колагенот прави чуда!
И јас не верувам, додека не пробав.
Вероника Томова 17.06.2020
Best aesthetic and functional treats one could get! Highly recommending the collagen medical device and therapy, without reserve.
Akvamarin Medi Wellness is my place to be!
Валентина Михајловска 09.06.2020
Топло ја препорачувам колагенската терапија на било која регија од телото. Со години имав големи болки на двете раце. Но, по третманот од 10 колагенски терапии, јас се чувствувам и функционирам одлично. Голема благодарност до Д-р. Марина и нејзиниот прекрасен тим
Јулиа Граматикова 21.11.2019
Golema profesionalnost I kvalitet
Елена Рафајловска 28.05.2019
Kolagenskite tretmani se so neverojatni pozitivni rezultati. Isto i anticelulitnite tretmani zaedno so maderoterapijata i fittroll-ot
Јелена Тијана 21.03.2019
Prezadovolna,mnogu pozitivno iskustvo.Preporacuvam ❤
Благој Гјелевски 11.09.2018
Absolutelly recommend it! Very nice and polite people.
Кристина Попчева 07.08.2018
Odlicni rezultati i prekrasen tim
Бранислав Калеовски 27.05.2018
Vrven brend � odlicno sto vekje go ima i vo Makedonija