За GUNA S.p.a.

GUNA S.p.a. е водечка компанија во областа на интегративната медицина повеќе од 35 години.

GUNA S.p.a. е една од најважните фармацевтски компании во Италија во областа на биолошката медицина и остварува профит од над 60 мил. евра Во 1989 година, италијанското Министерство за здравство го одобри производството на лекови на ГУНА. Главното производство (Милано, Виа Палманова 69) се наоѓа на површина од околу 60.000 м2 и се смета за една од најмодерните фармацевтски лаборатории во светот.

GUNA S.p.a има два главни погони во Милано:

Лабораторија ГУНА – Милано, Виа Палманова 69, за производство на лекови со ниски дози, медицински препарати и козметика.

Лабораторија Гуна – Милано, Виа Ванвит III 6, за производство на Bach-ови капки.

GUNA S.p.a има повеќе од 250 вработени, кои работат во одделот за производство, логистика, администрација, маркетинг и медицинско-научни информации.

Производите на GUNA S.p.a се извезуваат во над 40 земји низ целиот свет. Поради зголемената побарувачка за иновативни и современи решенија за здравствена заштита, Гуна, отвора подружница во САД со што се проширува во Северна Америка.

Американската подружница GUNA S.p.a се наоѓа во Whitehallu (PA) и ги отвори своите врати во 2006 година со најсовремени решенија на методот ГУНА и производството ГУНА.

Денес, GUNA S.p.a има повеќе од 70 производи кои се наоѓаат листите на FDA (Администрацијата за храна и лекови на САД).

GUNA S.p.a   направи револуција во хомеопатската медицина и естетската медицина со комбинација на научната и тераписка примена со начелата на природата. Како компанија која се грижи за благосостојбата и здравјето на пациентите кои ги користат нејзините производи, како и задоволството на лекарите и фармацевтите кои ги препишуваат тие производи, Гуна ја докажа својата страст за постигнување на совршенство, посветеност на етички принципи и посветеност за унапредување на меѓународната репутација за наука и медицински истражувања.

GUNA S.p.a промовира голем број клинички и темелни истражувања кои се спроведуваат во согласност со научни стандарди (на пр. Алергиска астма објавена во „Пулмонална фармакологија и терапија“) и издвојува големи суми парични средства за истражување и развој.

GUNA S.p.a, исто така, има поврзани активности кои вклучуваат интензивна програма за континуирана медицинска едукација за лекари (семинари и е-учење), како и објавување стручни списанија на англиски јазик, “PHYSIOLOGICAL REGULATING MEDICINE” (ФИЗИОЛОШКИ РЕГУЛИРАНА МЕДИЦИНА).

GUNA S.p.a исто така поддржува неколку здруженија кои спроведуваат обуки за лекари и фармацевти. Од своето основање, компанијата игра стратешка улога во обезбедување на едукација, преку организирање на голем број семинари, курсеви и повеќегодишни училишни програми, како и поддршка на медицински здруженија за организирање на едукација. Научните информации и програмите за едукација се спроведуваат во повеќе од 30 земји, каде што Гуна ги извезува своите производи.

ЧОВЕКОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА МЕДИЦИНА ВО ХАРМОНИЈА СО ПРИРОДАТА е принцип на Гуна што го прифаќа концептот на здравје и благосостојба како единство на телото, емоциите, духот и умот. Новиот начин на толкување на концептот за здравје и болест кај се поголем број луѓе е во согласност со терапевтските принципи на Гуна. Лекарите и формулите работат со сложен и динамичен баланс на сите компоненти со цел кај пациентот да се постигне обновување на сопствените лекувачки способности. Лековите се дизајнирани да го стимулираат телото водејќи се по прописите дека е можно да се постигне и одржи уште похармонична здравствена состојба, убавина и виталност. Зборот ГУНА на Санскритски значи „животна енергија на сите живи суштества“.

Во 2010 година, преку системот за управување со квалитет UNI CEI EN ISO 13485, Гуна го потврди производството и промоцијата на медицинските средства на база на колаген.

Во 2013 година тие го прославија 30-тиот роденден на своето постоење

Во 2014 година, Instituto Superiore di Sanitá овозможи вклучување на медицинските средства на база на колаген GUNA MD во групата медицински средства од класа на ризик III.

Во 2017. Нашата компанија доби дозвола од Малмед и отпочнување на соработка со компанијата Гуна и дистрибуција на нејзините производи во Р. Македонија.