Често поставувани прашања !

Од каде потекнуваат производите?

GUNA MD ГУНА колаген медицинските средства се произведуваат во согласност со строгите европски регулативи за производство, од страна на меѓународна фармацевтска компанија Гуна од Милано, Италија. Компанијата ги продава своите производи во повеќе од триесет земји низ целиот свет.

За кого се наменети?

Примената на GUNA MD ГУНА колаген медицинските средства се препорачува во случаи на сите мускулно-скелетни патологии. Што значи, може да се применува кај лица кои се жалат на мускулно- скелетни болки предизвикани од дегенеративно потекло, поради истрошеност, калцификација, воспаление, прекумерно истегнување, како и спортски повреди, без разлика дали потекнуваат од коски, мускули, зглобови или се од невролошко потекло или повреди на сврзното ткиво.

Дали се употребува за естетски цели?

Да, GUNA MD ГУНА колаген медицинските средства се наменети исто така и за естетски цели, за подмладување на лице, врат и деколте, за подмладување на шаки, за подигање на гради, за затегнување на внатрешна страна на надлактица,  за затегнување на внатрешна страна на надколеница, за редуцирање на масно ткиво во пределот на абдоменот, за редуцирање на стрии и лузни итн.

Колку трае еден третман?

Медицинскиот третман со колагенот (GUNA MD), во зависност од јачината на болката, се препорачува како третман според општ протокол кој опфаќа околу 10 третмани:

-При акутни случаи, при третмани со инјектирање првата седмица може да се аплицира три пати седмично, втората и третата седмица се аплицира два пати седмично, а потоа по еден третман седмично до десеттиот третман. По спроведен основен протокол се препорачува по еден третман месечно, како доза на одржување.

-При хронични случаи, при третмани со инјектирање во првите две седмици се аплицираат по два третмани седмично, а потоа по еден третман седмично до десеттиот третман.

– При третмани со употреба на специјализираниот апарат GUNAPHORESIS, ГУНА медицинските средства на база на колаген,  може да се се аплицираат безболно и безбедно секојдневно во рок од десет дена.

Колку чини терапијата?

Цената на третманот со ГУНА колаген медицинските средства (GUNA MD) ја одредува здравствената установа во која што се врши апликацијата на колагенот и истата е во зависност од определениот протокол.

Дали може да се купи во аптека?

Да, во моментов производите можат да се купат во аптеките.

Кој може да го изврши третманот?

Секој лекар што учествува во наша обука. Нашата цел е да го направиме третманот подостапен за лицата кои страдаат од мускулно-скелетни патологии, па затоа постојано го шириме кругот на лекари кои вршат апликација на ГУНА колаген медицинските средства (GUNA MD).

Кои се контраиндикациите?

Засега не се познати апсолутни контраиндикации, но треба да се внимава во случаи на земање антикоагуланси, при активни процеси на кожата, за време на бременост, доење и малигни процеси.

Кои се несаканите ефекти?

Досега не се пријавени несакани ефекти. Ако постои сомневање за преосетливост на некоја компонента, пред употреба потребно е да се направи т.н. тест на подлактицата.

Благо црвенило, пецкање и понекогаш мала сина дамка може привремено да се појави на местото на инјектирање. Ден по третманот понекогаш може привремено да ја влоши состојбата и да доведе до главоболки кои можат да се спречат и да се отстранат со внес на многу течности.

Апликацијата на ГУНА колаген медицинските средства (GUNA MD) со специјализираниот апарат GUNAPHORESIS, е апсолутно безболна и без црвенило.

Дали е тоа симптоматски третман?

Не, третманот со ГУНА колаген медицинските средства (GUNA MD) лекува причини, бидејќи примената на овој вид третман резултира во ефикасно подобрување, го обновува функционирањето на оштетеното ткиво од мускулно скелетниот систем, ги обновува и ги зајакнува структурите околу зглобовите.

Дали може да се примени со други третмани?

Да, може да се даде на сите возрасти, заедно со сите средства, методи. Се разбира, самиот третман со ГУНА колаген медицинските средства е ефикасен во олеснување на болката на органите за движење. Побарајте мислење од лекарот што го спроведува третманот во однос на предложената примена на производот.

Што можам да очекувам од третманот?

Ефикасноста и поддржувачкиот ефект на ГУНА колаген медицинските средства (GUNA MD) настанува постепено, бидејќи е потребно време да се развие биолошки одговор од страна на организмот после апликација на колагенот, што резултира со обновување или подобрување на физиолошките состојби, односно се делува на причините од одреден проблем на локомоторниот систем.

Дали дејствува веднаш и брзо?

Не, третманот со ГУНА колаген медицинските средства (GUNA MD) нема директен аналгетски ефект. Неговата примена се препорачува како третман со кој се постигнува обновување, ревитализација на оштетените структури од мускулно скелетниот систем, па како резултат на тоа болката се намалува или се елиминира, доаѓа до намалување на отокот и вкочанетоста  и напнатоста на меките ткива. Се подобрува протокот на крв, снабдувањето со кислород во засегнатата регија и тоа помага во регенерација на ткивата. Во исто време, се зајакнува локомоторниот систем, структурите околу зглобовите, тетивите кои ги поддржуваат зглобовите, односно лигаментите кои при повреди можат да се истегнат и делумно да се прекинат. Со ГУНА колаген медицинските средства  може да се лекуваат не само симптомите туку и причините на воспалителни процеси предизвикани од повреди на локомоторниот систем (мускулно-скелетниот систем).

Дали третманот со ГУНА колаген медицинските средства е третман со лекови?

Не, ГУНА колаген медицинските средства, согласно ЕУ регулативите, се распоредени како медицински средства од III класа, чијашто главна состојка е стерилен колаген. Научно е докажано дека ефектот на третман со колаген ги намалува симптомите на болка на локомоторниот систем (мускулно-скелетниот систем).

Дали овој третман е во форма на таблети?

Не, третманот со ГУНА колаген медицинските средства, е третман со инјекции. Истите може да се аплицираат со инјектирање или со помош на специјален апарат  GUNAPHORESIS.

Инјектирањето се врши во согласност со специјален протокол на апликација што може да го добиете само од лекар.

Што содржат производите?

Главната состојка во ГУНА колаген медицинските средства е стерилен колаген од свинско потекло. Постојат тринаесет ГУНА колаген медицинските средства кај кои основна компонента е колаген од биолошко потекло, а се разликуваат по додадените состојки, кои исто така се од природно потекло (витамини, антиоксиданти и растителни екстракти), и имаат тропизам, односно помагаат подобра дистрибуција на колагенот во ткивото за коешто е наменет, за да се постигне оптимален ефект.