MD – Poly

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia
Состав: Kolagen.
Помошни материи: Drosera , NaCl, вода за инjекција
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
Медицинско средство MD- POLY e на база на колаген како основна
компонента и додадени различни состојки како ексципиенти:
Drosera, NaCl, вода за инјекција.
MD- POLY e медицинско средство дизајнирано да го потпомага
движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на
зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување
причинето од:
· стареење
· лошо држење на телото
· пратечки хронични болести
· удари и повреди
· загадувачи.
MD- POLY e медицинско средство кое ја потпомага подвижноста,
особено рбетниoт столб. Неговите главни терапевтски функции
вклучуваат:
1.Ефект на бариера.
2.Подмачкување.
3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.
MD- POLY e медицинско средство, наменето за употреба од страна
на квалификуван персонал во приватни и јавни здравствени установи
со цел:
· П одобрување на подвижноста на зглобовите.
· Потпомага во истегнување на мускулите.
· Потпомага во поддршка на мускулното ткиво при нарушувања од
лошо држење на телото.
· Ја ублажува локалната болка или болка предизвикана при движење
и од лошо држење на телото.

Упатство за употреба
Терапевтски протокол:
1-2 третман неделно, 10 недели по ред
Техника на периартикуларно вбризгување (местото на давање мора
да биде асептично, внесете ја иглата до длабочина од 3-6 мм)
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни
компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
x Игли: стерилни 27 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.
Техника на интраартикуларно вбризгување
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали и
помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол, стерилни
компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
Се препорачува употреба на локална анестезија на третираното
подрачје на кожата.
x Игли: стерилни 22 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл во зависност од количеството на
раствор за вбризгување.

Контраиндикации/несакани дејства
Примери на преосетливост на средството MD- POLY не се
познати. Пациентите кои се преосетливи на било која состојка
или на помошен материјал, пред употреба треба да се
тестираат со точкасто вбризгување во едната рака, а потоа да
се пратат еден час.
Предупредување и мерки на претпазливост
При болка во зглобот потребна е диференцијална дијагноза за
акутни или субкутни вирусни заболувања на зглобот, болка при
преголема телесна тежина (зглобовите на нозете),
хиперурикемија, гихт. При механичко дејство на иглата или на
површински реакции на кожата може да дојде до благо
црвенило на местото на вбризгување. Пред и по употребата
потребно е чистење/дезинфекција на кожата. Пиогените
бактерии можат да предизвикаат апсцеси на местото на
вбризгување.
ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.

Не користете по истекот на рокот на употреба. Рокот на
употреба се однесува на производ, кој е правилно складиран
во оригинално и неоштетено пакување. Производот да се
употреби веднаш по отварањето.
Упатство за употреба
Средството MD- POLY може да се употреби за самостален
третман или во комбинација со други медицински средства со
ист опсег за прилагодување на третманот за клинички потреби.
Кога е потребен третман на поддршка на матрикс врзното
ткиво или кога е потребно да се успори процесот на стареење,
средтвото MD-POLY може да се употреби заедно со
MD-MATRIX и MD-TISSUE. Исто така може да се користи како
механичка подлога при третман на следните болести:
x Реуматоиден артритис на малите зглобови на шаките и
стапалата (заедно со средството MD-SMALL JOINTS).
x Неспецифична дифузна болка (заедно со средствата
MD-NECK i MD-NEURAL).
x Костостернален синдром (заедно со средството MD-NEURAL).
х Хроничен полиартритис како последица на автоимуни
болести (напр. системски еритемски лупус) (заедно со
средството MD-NEURAL при доминантна невралгија; заедно со
средството MD-MUSCLE при доминантна болка во мускулите).
x Треска како последица прелом на коска (при доминантна
невралгија, заедно со средството MD-NEURAL; при
доминантна болка во мускулите, заедно со средството
MD-MUSCLE).
x Болка во зглобовите при вирусна или протозоични болести
(заедно со други Guna медицински средства кои содржат ист
вид колаген како во третираниот зглоб).
x Болка во зглобови при канцер (хронична леукемија,
мултипли миелом) (заедно со други Guna медицински средства
кои содржат ист вид колаген како во третираниот зглоб).
Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е
добро затворена. По отварањето содржината на ампулата
мора веднаш на се искористи. Не ја користете ако пакувањето
е оштетено.

Превземете го Упатството за употреба: