БИОАПИГИН ВАГИНАЛНА МАСТ

Bioapigin  вагиналната маст                                  50 мл. медицинско средство

Пред користење на Bioapigin вагиналната маст, внимателно прочитајте го упатството за употреба, кое содржи важни информации за тоа на што треба да посветите внимание при користење на ова медицинско средство. Зачувајте го ова упатство, можеби ќе треба повторно да го прочитате. За дополнителни информации прашајте го својот лекар или фармацевт. До колку симптомите потраат по одредено време, советувајте се со лекар. Иако во истражувањате не се воочени никакви несакани дејства, во случај на можни несакани дејства истите пријавете ги кај својот лекар или фармацевт.

СОСТАВ: мед, пчелен восок (Cera flava); глицерол. маслени екстракти од растителни видови: цвет од невен (Calendula officinalis L.), лист од широколисен трпут (Plantago major L.) цвет од камилица (Matricaria chamolilla L.), лист од лаванда (Lavandula officinalis L.), надземен дел од столисник (Achillea millefolium L.), лист од жалфија (Sativa officinalis L.), лист и стебло од вркута (Alchillea millefolium L.), етерично масло од австралиски чаеви (Melaleuca altenifiolia), темјан (Timus vulgaris ct. thymol) и оригано (Origanum vulgare).

ИНДИКАЦИИ: Bioapigin  вагиналната маст индицирана е кај:

  • покачена вагинална pH,
  • вагинален исцедок,
  • непријатен вагинален мирис,
  • иритации, печење, јадеж, едем во регијата на вулвата и вагината,
  • сувост на вагината,
  • dispareunija

НАМЕНА: Bioapigyn® вагинална маст е наменета за ублажување на симптомите на вулво-вагиналните нарушувања причинети од покачена вагинална pH карактеризирани со вагинален исцедок, непријатен мирис, сувост на вагината, dispareunija, иритација, печење, чешање и едем во вулво-вагиналната област.

НАЧИН НА ДЕЈСТВУВАЊЕ: Bioapigyn® вагинална маст е медицинско средство класа IIa, која ги ублажува симптомите на вулво-вагиналните нарушувања со физички начин на дејство. Физичките својства на комплексната смеса на состојки вклучувајќи низок pH (мед и мацерат), висока осмоларност (мед), висока вискозност и масност, (мед, мацерат и глицерин), смирувачко, навлажнувачко и обложително дејство (мацерат, мед, глицерин и восок) како и ниска активност на вода (мед, мацерат) резултираат со ублажување на симптомите на вулво-вагинални пречки поради:

  • создавање неповолни услови за раст, адхезија и репликација на патогените,
  • создавање на заштитен слој на вагиналната слузница, овозможувајќи
  • нејзино опоравување и спречување на понатамошна иритација,
  • ублажување на вагиналната сувост поради присутност на хумектанти,
  • превенција на болка во тек на однос поради лубрикантното дејство и
  • создавање на заштитен слој

ПАКУВАЊЕ: Туба со 50 мл маст со апликатор во картонска кутија

КОНТРАИНДИКАЦИИ: Не се познати

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Не користете Bioapigin  вагинална маст ако сте бремени и ако доите. Препорачана дневна доза не смее да се пречекори. Не користете во случај на преосетливост на било која состојка на производот.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА: Bioapigyn  вагинална маст наменета е за надворешна и внатрешна примена на слузниците на гениталниот тракт. Со апликаторот внесете 2,5 мл. маст што подлабоко во вагината, најдобро навечер пред спиење. По секоја употреба на апликаторот одвоите го од маста и исчистете со топла вода и детергент. Исто така нанесете ја маста со прсти во тенок слој на надворешните делови на гениталиите.

РОК НА ТРАЕЊЕ: Втиснат на кутијата и се однесува на оригинално затворен и правилно чуван производ. По отварањето производот е сигурен за употреба во наредните 3 месеца.

НАЧИН НА ЧУВАЊЕ: На темно место, на температура под 25 ° C, подалеку од дофат на деца.

ПРОИЗВОДИТЕЛ: APIHERBAL doo, Загреб, Хрватска.

ЕКСКЛУЗИВЕН ЗАСТАПНИК И ДИСТРИБУТЕР: АКВАМАРИН МЕДИ ВЕЛНЕС ДОО Бул. Мит. Теодосиј Гологанов 112-1/22 Скопје, тел. 02 5127 833, аkvamarinmv@gmail.com

Регистрација во Агенција за лекови: 14-241/2

Превземете го Упатството за употреба:

 

STR 7 Vaginaleti i Vaginalna mast

 

STR 8 Sinergicen efekt Vaginaleti