ГУНА Биотерапија – ГУНА Колагенска Биотерапија
ГУНА Биотерапија е иновативна медицинска терапија заснована на стимулација на колаген во поткожното сврзно ткиво.
ГУНА Биотерапијата е безбеден третман, содржи само природни супстанции, не значи вештачки интервенции во телото.
ГУНА Биотерапија претставува идеален третман за лекување на трите групи клинички случаи во ортопедијата и трауматологијата:
- Патологија предизвикана од преоптоварување,
- Процесот на стареење, кој го оштетува ткивото, на пример коските, тетивите, лигаментите, мускулите и воопшто екстрацелуларниот матрикс,
- Дегенеративни хронични воспалителни процеси од трауматско потекло.
Веродостојни епидемиолошки податоци кои се добиени во Италија покажуваат дека 15-20% од популацијата страда од патологии кои вклучуваат остео-артро-мио-фасцијални патологии, (кои се подобро познати како ревматски заболувања и претставуваат 70% од пациентите со хронични заболувања).
Ревматските заболувања, (воспаление и/или дегенеративни заболувања на сврзното ткиво), се карактеристични по недостаток и нарушување на колагенот. Посебна карактеристика на Гуна колаген медицинските средства (Guna Collagen MD) кои содржат колаген и помошни состојки, е тоа што нуди иновативен пристап на лекување на болести кои влијаат на мускулно-скелетниот систем. Помошните состојки се од природно потекло и помагаат подобро и поцелно позиционирање на колагенот во одредени области.
Гуна колаген медицинските средства се инјектираат периартикуларно, интраартикуларно, интрамускулно и интрадермално. Колагенот обезбедува механичка поддршка која има позитивно влијание на стабилизација на зглобовите, хипермобилноста, движењето, болката и квалитетот на животот.
Гуна колаген медицинските средства имаат структурна улога: замена, зајакнување, заштитата и градење на структурата на ‘рскавицата, тетивите, лигаментите, зглобна чаура, итн. со што се подобрува хистолошката структура на колагенските влакна на сите анатомски структури кои се состојат од колаген. Ова обезбедува механичка поддршка на засегнатите подрачја.
Гуна колаген медицинските средства покажуваат ефикасност на етиолошки третман на акутна и хронична бенигна болка која влијае на мускулно-скелетниот систем, благодарение на помошното и антивоспалително дејство на бројните помошни супстанци кои се содржани во производот, но Гуна колагенските медицински средства не може и не смее да се третираат како аналгетици. Намалувањето на болните симптоми е само секундарен ефект, на пр. на стабилизирање на зглобот, што резултира со намалување на стимулација на ноцицептивните завршетоци.
Зошто да користите Гуна колаген медицинските средства?
- Ефикасност
Обновувањето и зајакнување на оштетените анатомски структури, Гуна колаген медицинските средства ја подобруваат подвижноста и функционалноста и делуваат директно на болката.
- Механизам на дејство
Гуна колаген медицинските средства имаат дејство на поддршка со специфични начини на примена.
- Природно потекло
Колагенот (екстракт од свинско потекло) и додатните состојки се комплетно од природно потекло.
- Иновативност
Колагенот кој се користи за производство на Гуна колаген медицинските средства е резултат на три различни процеси на производство кои се имплементираат во GUNA лабораториите (идентификација и проверка на усогласеност на свинското ткиво, фаза на екстракција, подготовка и стерилизација/вирусна инактивација на колагениот екстракт).
- Безбедност
Благодарение на имплементирањето на најновите процеси на производство, GUNA лабораторија добива безбеден производ со стандардизирана молекулска тежина. Гуна колаген медицинските средства имаат хемиско-физички карактеристики кои гарантираат безбедна клиничка употреба.
- Висока подносливост
Не се воочени несакани дејства, алергиски реакции ни интеракции со лекови. Поради механичкото дејство на иглата може да дојде до благо црвенило на местото на вбризгување.
- Висока усогласеност и задоволство на пациентот
Благодарение на механизмот на дејствување, отсуство на несакани реакции и високи перфор-манси, пациентите добро ја поднесуваат примената на Гуна колаген медицинските средства. Производот ги задоволува очекувањата и на пациентот и на докторот.
- Широк спектар на примена
Гуна колаген медицинските средства може да се користат за третман на пореметувања од различно потекло (при прекумерна активност, стареење или повреди) и во различни области на медицината (реуматологија, ортопедија, рехабилитација, трауматологија, спортска медицина, anti-aging…) како и во општата медицина.
- Едноставна употреба
Гуна колаген медицинските средства може да се користат за субкутано, интрадермално, интрамускуларно, периартикуларно или интраартикуларно вбризгување.
- Многустраност
Гуна колаген медицинските средства може да се аплицираат поединечно или заедно со други средства МД/лекови. Не постојат контраиндикации за пациентите кои поминуваат низ фармаколошка или остеопатска терапија или било кој друг пат на рехабилитација. Гуна колаген медицинските средства може да се даваат пред или после операции.
Дали е можно да се успорат дегенеративните процеси и да се поттикнат процеси на опоравување на коскено-мукулниот систем?
Ткивото на коскено-мускулниот систем може да биде оштетено заради:
– прекумерна активност;
– физиолошки процеси на стареење;
– травматски настани (во однос на инфламаторната компонента).
Зошто колагенот е важен за опоравување и процесите на надоместување?
Колаген претставува 5-6% од телесната тежина и е најзастапен протеин кај цицачите.
Колаген е главната компонента на лигаментите, тетивите, коските, ‘рскавицата, мускулите, кожата и екстрацелуларниот матрикс (ЕЦМ).
Најмала единица на колагенот е трпоколаген кој е формиран од последователни единици од гликоза / галактоза и 4 амино киселини (пролин, хидроксипролин, глицин, и лизин).
Гуна колаген медицинските средства содржат само колаген во облик на тропоколаген кој што е супстрат на ендогениот ензим лизин-хидроксилизин. Тие не покажуваат никакво фармаколошко дејство бидејќи нормалниот метаболизам/катаболизам на колагенот останува непроменет.
Зошто свинско колаген?
Колагенот содржан во Гуна колаген медицинските средства е колаген тип I, од свинско потекло. Подобар е од говедскиот колаген, бидејќи е најсличен на човековиот колаген. Изборот на свинскиот колаген гарантира високо ниво на безбедност благодарејќи на многу ниската имуногеност. Ова го прави еден од главните избори за бројни примени во медицинската естетска област, вклучувајќи и производство на вештачки импланти и кожни козметички инсерти.
Која е целта на инјектираниот колаген?
Guna MD колагенските медицински средства на база на колаген се инјектираат каде што е “неопходно” да се замени, зајакне, реструктурира или заштити ткивото на мускуло-скелетниот систем, така што ја подобрува анатомската структура и функција на колагенските влакна, со истовремено обезбедување на механичка поддршка на околното подрачје.
Кога е вистинско време за Гуна колаген медицинските средства?
Гуна колаген медицинските средства се идеален третман за 3 клинички случаи во ортопедија-трауматологија:
- патологии на прекумерно трошење на ткиво
- процеси на стареење кои влијаат на ткивата од мезодермално потекло, како што се коските, тетивите, лигаментите, мускулите и воопшто болести на екстрацелуларниот матрикс
- процеси од травматско потекло