КОЛАГЕНСКИ АМПУЛИ

Како ексклузивни увозници и дистрибутери на производите од програмата на компанијата ГУНА-Милано, Италија, би сакале да Ве информираме за ГУНА колаген медицинските средства. Апликацијата на овој колаген поттикнува биолошки одговор од страна на нашиот организам со стимулирање на продукција на сопствен колаген, со што се подобрува структурата на колагенските влакна и консеквентно на сите анатомски структури во кои е присутен колагенот. Особено во областа на дерматологијата и естетската медицина, Гуна колагенот може да се аплицира на повеќе регии од телото, особено за спречување на физиолошкото стареење и како сигурен и безбеден производ за anti-aging ревитализација на лицето. Гуна колагенот има особена употреба при следните индикации:

  • Ревитализирачки третман на зрела кожа (лице, врат, деколте и раце);
  • Ревитализирачки третман на мрсна кожа склона на акни, црвенило, оток;
  • Лифтинг и затегнување на опуштена кожа (лице, врат, деколте, внатрешна страна на надлактица и натколеница);
  • Редуцирање на локална адипозност во пределот на абдомен;
  • Редуцирање и елиминирање на целулит;
  • Редуцурање и елиминирање на лузни и др.

ГУНА колаген медицинските средства претставуваат идеална алатка за третман на 3 типа клинички случаи кои ги засегнуваат ткивата на мускулно-скелетниот систем како што се:

  1. Патологии на прекумерна употреба,
  2. Процесите на стареење и
  3. Повреди

ГУНА колаген медицинските средства се аплицираат локално на засегната регија со цел да ги заменат, зајакнат, реструктурираат и заштита ткивата на мускулно скелетниот апарат преку подобрување на анатомската структура и функција на колагенските влакна и структурите кои ги содржат, истовремено обезбедувајќи механичка поддршка на засегнатата регија.
ГУНА колаген медицинските средства ја подобруваат мобилноста и функционалноста и дејствуваат директно на болката. При нивната примена не се воочени несакани дејства, алергиски реакции, ниту интеракции со други лекови и пациентите добро ја поднесуваат нивната примена.
ГУНА колаген медицинските средства ги задоволуваат очекувањата и на пациентите и на лекарите.


ГУНА колаген медицинските средства може да се употребуваат во различни области на медицината: дерматологија, anti-aging, естетска медицина, реуматологија, ортопедија, рехабилитација, трауматологија, спортска медицина, стоматологија, , неурологија, како и во општата медицина.

ГУНА колаген медицинските средства може да се употребуваат за субкутано, интрадермално, интрамускулно, периартикуларно, интраартикуларно вбризгување и транскутана апликација.

ГУНА колаген медицинските средства може да се употребуваат самостојно или заедно со други лекови и не постојат контраиндикации за пациентите кои се на фармаколошка или остеопатска терапија или друга рехабилитација, и може да се даваат пред или после операција, како и врз ендопротези.

Внесување на активни ГУНА колаген медицинските средства директно на региите кои сакаме да ги третираме заради козметички дефекти или во областа засегната од заболување, претставува важна предност, односно скратување на времето на лечење и побрзо отстранување на симптомите. Локално третирање заради подмладување како и третирање на различни естетски дефекти, но и мускулно-скелетни нарушувања предизвикани од артритис, остеоартритис, ишијалгични болки, болки во вратниот, грбниот и појасниот дел на р’бетниот столб, истегнување на мускулите, и др. сега можат да бидат лекувани, со концентрирано терапевтско делување на засегнатата област.

За пациенти кои не сакаат инјектирање постои специјално дизајниран апарат GUNAPHORESIS (GPH) како алтернатива за транскутана апликација на ГУНА колаген медицинските средства.

Линкови за сите ГУНА Колагени:

MD – Tissue

MD – Thoracic

MD – Small Joints

MD – Shoulder

MD – Poly

MD – Neural

MD – Neck

MD – Muscle

MD – Matrix

MD – Knee

MD – Lumbar

MD – Ischial

MD – Hip