ДЕРМО КОЗМЕТИКА

Физиолошка козметика која ја разбира женската природа

МНОГУ СПЕЦИЈАЛНА КОЗМЕТИКА ЗА ЖЕНИ

Фармацевтските лаборатории ГУНА (Италија) се основачи на Физиолошки Регулативна медицина. Овој дел од фармакологијата се раководи од познавањето на молекуларната биологија и Психо-Невро-Ендокрино-Имунолошка-та интеракција, со цел заболениот организам да се врати во неговата нормална физиолошка состојба и рамнотежа. Во физиорегулативната медицина е искористена револуционерната идеја за примена на одредени биолошки молекули-гласници (невропептиди, хормони, интерлеукини и фактори на раст), кои ги контролираат и регулираат функциите на телото во состојба на здравје. Најголемо значење се дава на примената на овие молекули-гласници во физиолошко ниски дози (нормални концентрации за човечкото тело). На овој начин се избегнуваат несаканите ефекти какви што се јавуваат при  конвенционалните фармаколошки средства.

Користејќи го огромното искуство стекнато во Физиолошки Регулативната Медицина, Лабораториите ГУНА создаваат специфичен нов асортиман на козметички производи специјално дизајнирани за жени.

Оваа класа на физиолошка козметика го обединува сето знаење на лабораториите ГУНА за:

• женската психо-емоционална динамика, која често ги нагласува негативните ефекти од секојдневниот стрес врз кожата;

• специјалната техника на поврзување помеѓу елементите од растително, минерално и биохемиско потекло.

На овој начин се создава рамнотежа, комплетност и синергија на ефектите постигнати за прв пат во областа на козметиката.

Вклучува козметички креми кои нудат ефективно решение против стареење на кожата на лицето, проблеми со градите и телото: Natur 4 (крем за лице, врат и деколте, тело), Natur 3 (крем за гради), Tamanu Arnica ( крем за лице, врат, деколте, тело) Resource ( крем за лице, врат, деколте, тело).

За повеќе информации во врска со производите, видете во делот ПРОИЗВОДИ.

ГУНА козметиката има својства на обновување на кожата, регенерација и ребалансирање, особено на лицето и исто така на телото. Се препорачува исто така во случаи на особено сензитивна и иритабилна кожа.
Ги превенира ефектите од загадувањето  и стресот врз кожата.
Најновото истражување на Гуна дизајнираше неколку уникатни и иновативни дермо-козмецевтски формулации, природно базирани и дизајнирани според најсовремените технолошки упатства за безбедност.