MD – Neck

Производител: GUNA S.p.a., Via Palmanova 71, 20132 Milano, Italia
Состав: Kolagen.
Помошни материи: Силика, NaCl, вода за инјекција
За ова медицинско средство на располагање се следните пакувања:
x Кутија: 5 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 10 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
x Кутија: 50 ампули (една ампула 2 ml – количина за екстракција)
Намена
MD- NECK e медицинско средство дизајнирано да го потпомага
движењето со лимитирање на физиолошката дегенерација на
зглобовите и ткивата, како и ублажување на било кое оштетување
причинето од:
· стареење
· лошо држење на телото
· пратечки хронични болести
· удари и повреди
· загадувачи.
MD- NECK e медицинско средство кое ја потпомага подвижноста
на вратот, особено вратната регија од рбетниoт столб. Неговите
главни терапевтски функции вклучуваат:
1.Ефект на бариера.
2.Подмачкување.
3.Механичка поддршка при вршење на други фармаколошки третмани.
MD- NECK e медицинско средство, наменето за употреба од страна
на квалификуван персонал во приватни и јавни здравствени установи
со цел:
· Подобрување на подвижноста на вратниот тракт од рбетот.
· Потпомага во истегнување на вратните мускули.
· Потпомага во поддршка на мускулното ткиво на вратот.
· Потпомага во поддршка на мускулното ткиво на вратот при
нарушувања од лошо држење на телото.
· Ја ублажува болката при движење на вратниот дел од рбетот.

Упатство за употреба
Терапевтски протокол:
1-2 третман неделно, 10 недели по ред
Техника на периартикуларно вбризгување(местото на давање мора
да биде асептично, внесете ја иглата во третираниот мускул до
длабочина од 2-4 мм)
За оваа цел се препорачува користење на следните материјали
и помошна опрема:
x Mатеријали за асептична припрема на кожата: ракавици за
еднократна употреба, раствор на јод, раствор од алкохол,
стерилни компреси од газа, спреј етил хлорид за кожа.
x Игли: стерилни 27 G.
x Шприцеви: големина 5 или 10 мл, во зависност од количеството
на раствор за вбризгување.
Контраиндикации/несакани дејства
Пациенти кои се третирани со антикоагуланси или со востановена
фрагилност на крвните садови или со пореметена коагулација, треба
при текот на терапијата внимателно да се пратат.
Примери на преосетливост на средството MD-MUSCLE не се познати.
Пациентите кои се преосетливи на било која состојка или на помошен
материјал, пред употреба треба да се тестираат со точкасто
вбризгување во едната рака,а потоа да се пратат еден час.

Предупредување и мерки на претпазливост
При блока во вратниот дел на рбетот потребна е диференци-
јална дијагноза за дископатија на вратот, болка поради
примарен или секундарен канцер, спондилолистеза.
При механичко дејство на иглата или на површински
реакции на кожата може да дојде до благо црвенило на
местото на вбризгување. Пред и по употребата потребно е
чистење/дезинфекција на кожата. Пиогените бактерии можат
да предизвикаат апсцеси на местото на вбризгување.
ЧУВАЈТЕ ГИ ВОН ВИДНОТО ПОЛЕ И ВО БЛИЗИНА НА ДЕЦА.
Не користете по истекот на рокот на употреба, Рокот на
употреба се однесува на производ, кој е правилно складиран
во оригинално и неоштетено пакување. Производот да се
употреби веднаш по отварањето.
Упатство за употреба
Средството MD-NECK може да се употреби за самостоен
третман или во комбинација со други медицински средства
со ист опсег за прилагодување на третманот за клинички
потреби. Кога е потребен третман на поддршка за акутна
болка, средството MD-NECK може да се употреби заедно
со MD-NEURAL, MD-POLY i MD-MUSCLE (со едно или повеќе
наведени средства). Покрај тоа, кога е потребен третман на
поддршка на матриксот на сврзното ткиво или кога е потребно
да се успори процесот на физиолошко стареење, средството
MD-NECK може да се употреби заедно со MD-MATRIX и
MD-TISSUE. Исто така може да се користи како механичка
подлога при третман на следните болести:
x Болка во вратот при дегенеративно нарушување на
рскавицата на вратниот дел на рбетот (цервикален остео-
артритис, заедно со средството MD-POLY).
x Болка во вратот во мускулните тригер точки (заедно со
средството MD-MUSCLE).
x Синдром на вкочанет врат (заедно со средството MD-NEURAL).
x Oбична болка во вратот (заедно со средствата MD-NEURAL
и MD-MUSCLE).
x Трзајни повреди на вратот (заедно со средствата
MD-NEURAL и MD-MUSCLE).
x Постурална болка во вратот (заедно со средствата
MD-NEURAL и MD-MUSCLE).
x Meханичка неравнотежа (синдром на фасетни зглобови)
(заедно со средството MD-NEURAL).
x Синдром на лигаментите на вратниот дел на рбетниот столб
(заедно со средството MD-NEURAL).
x Болка во коренот на нервот на вратниот дел на рбетниот
столб (заедно со средството MD-NEURAL).
Давањето на средството се прилагодува на индивидуалните
потреби.

Упатство во случај на оштетување на стерилните ампули
Не ги користете ако е оштетен спојот или ако ампулата не е
добро затворена. По отварањето содржината на ампулата
мора веднаш на се искористи.
Не ја користете ако пакувањето е оштетено.